Илија Бузлевски

Дипл. Нутриционист, М-р по Квалитет и безбедност на храна

Ресен

38978585950

Илија Бузлевски е дипломиран инженер технолог Нутриционист – Магистер на катедрата за Квалитет и безбедност на храна, поборник за здравиот начин на исхрана, истражувач во областа на нутриционизмот како нова научна дисциплина кај нас и максимално професионално ангажиран во истата.
Вработен во сопствен центар за здрава исхрана ИН - 10 во Ресен веќе 4 години.
Учесник на многубројни семинари и конгреси од областа на нутриционизмот како и во делот на квалитетна и безбедна храна.Воедно е и автор на првиот научноистражувачки труд за влијанието на здравата и правилно искомбинирана храна врз човековиот организам односно врз неговиот здравствен статус.

  • LinkedIn - Black Circle
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
  • Instagram

*Please note, that this button is functional  only for our CGM Nutritionist!

Thank you!

Брокула

Кога станува збор за консумирање на зелен зеленчук, богат со витамини и минерали што се неопходни за одржување на нашето здравје, брокулата е на врвот на листата. Брокулата (Brassica oleracea) е одличен извор на витамин Ц, витамин К, многу добар извор на фолати и на витамин А, манган, калиум и Б-витамини. Брокулата е исто така добар извор на калциум како и растителни влакна, што се есенцијални за доброто здравје на човекот.
Брокулата е богата со растителни влакна кои може да помогнат да се намали холестеролот, да се подобри здравјето на дебелото црево, да се регулираат шеќерите во крвта и да се помогне во губење на тежината. Таа е природен чудотворен заштитник од многу видови рак како: рак на дојката, рак на матката, рак на простатата и т.н.
Освен антиоксиданси, брокулите содржат и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето. Брокулите му помагаат на инсулинот правилно да функционира и го регулираат шеќерот во крвта.
Анемијата е директно поврзана со недостаток на железо па затоа Брокулите се богати со железо и нејзиното консумирање е природен лек против анемија. Брокулата е особено добар зеленчук да се јаде за време на бременост, поради висока содржина на фолна киселина која е многу корисена за развојот на детето.

Боровинки

Боровницата (Vaccinium myrtillus) е на врвот на листата на овошја со изразени антиоксидантни својства и подеднакво лековита. Тие се богати со растителни влакна, ниски во калории и полни со антиоксиданси, витамини и минерали. Меѓу микронутриентите што ги сочинуваат боровинките се калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо, селен, манган, бакар, цинк, и богат и разновиден витамински состав аскорбинска киселина, бета-каротен, витамин Е, витамин К, како и речиси целата Б-група.
Богати со антиоксиданти познати како антоцијани и полифеноли, боровинките се користат за медицински цели, се сметаат за спречување на воспаление и заштита од болести поврзани со оксидативен стрес, како што се воспалителни болести на цревата, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, гингивитис и когнитивен пад поврзан со староста. За антоцијаните во боровинките се вели дека го намалуваат воспалението и ги стабилизираат ткивата што содржат колаген, како што се 'рскавицата, тетивите и лигаментите.
Боровинките се одличен природен антибиотик и антисептик. Затоа, многу настинки се ефикасно третирани. Антивоспалителниот ефект, кој има боровинката, е поволен за лекување на сите видови на ревматизам, како и заболувања на бубрезите и мочниот меур. Антоцијанот, кој на боровинките им дава темна боја, ги напаѓа канцерогените клетки и исто така влијае врз намалувањето на интезитетот на раст на веќе постоечкиот тумор.

Орев

Орев
Оревот е долговечно листопадно дрво чиј плодови, ореви се користи во секојдневната исхрана. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела, нивните јадра имаат згрчена површина во внатрешноста на школката, при што потесетуваат на мозок. Оревите се богати со многу хранливи материи, корисни за здравјето, особено Омега-3 масни киселини кои се од суштинско значење за оптимално здравје. Оревите се добар извор на здрави масти, протеини, витамин Е, Б и К, минерали и фитохемикалии наречени стероли. Исто така, богати се со фитокомпоненти и се одличен извор на селен, фосфор, магнезиум, цинк, железо и калциум.
Благодарение на посебните растителни протеини и влакна во составот, оревите помагаат побрзо да се влезе во форма Тие заситуваат, полнат со енергија и го помагаат метаболизмот. Благодарение на омега-3 масните киселини и антиоксидантите во составот, оревите го намауваат ризиот од некои видово на рак, меѓу нив се ракот на дојката, простатата, јајниците.
Оревите го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, бидејќи се богати со растителни влакна кои имаат својство да го продолжуваат процесот на метаболизмот на јаглените хидрати, а тоа го намалува шеќерот во крвта.
Антиоксидантите се во основата на тоа одлично влијание на оревите. Тие се борат со воспаленијата кои предизвикуваат различни болести, како и со слободните радикали, виновни за предвременото стареење на клетките. Липопротеини во оревите исто го забавуваат стареењето и помагаат за регенерацијата на клетките. А неколку ореви на ден помагаат за подобра концентрација, меморија, способност за помнење на нови информации и обработка од мозокот, како и намалување на ризикот на Алцхајмерова болест.

Лешник

Леската е листопадно дрво, голема грмушка чиј плод се нарекува лешник (Corylus avellana). Хранливата вредност на 100 гр лешник изнесува 628 калории и содржи 61 гр масти, 17 гр јаглехидрати, 15 гр протеини. Од минерали лешникот содржи: калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, манган, селен, а од витамини содржи: витамин C, тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, витамин B6, колин, бетаин, битамин E, фолна киселина и витамин K.
Лешникот има благотворно и лековито дејствување на човечкиот организам. Одредени елементи во составот на плодот позитивно влијаат на крвните садови, го штитат срцевиот мускул и го намалуваат крвниот притисок. Тенка кожичка на површината на плодот содржи полифеноли кои се совршена превентива од срцевиот удар, но и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ангина пекторис.
Лешникот има докажан ефект врз забавување на стареењето како и намалување на ризикот за појава на многу малигни заболувања. Редовното консумирање на лешник помага за намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, регулирање на крвниот притисок и работата на срцето како и намалување на ризикот од срцев и мозочен удар.
Јатките содржат силни антиоксиданси како што е фитинска киселина. Таа го штити организмот од воспалителни процеси и може да го намали ризикот од појава на рак на дојка и простата. Лешникот е богат со аргинин кои спречува раст на туморот и зајакнува имунитет.

Малини

Малината е долгогодишно листопадно растение, со грмушест раст, со повеќегодишен корен и со едногодишни изданоци кои припаѓаат на семејството Rosaceae. Малини се една од најпопуларните бобинки во светот и тие доаѓаат во различни бои, вклучувајќи црна, жолта, виолетова, розова, бела и портокалова, како и познати црвена сорта.
Како и повеќето овошје, малини се добар извор на растителни влакна, витамини, хранливи материи и минерали (калиум, манган, бакар, железо и магнезиум) и вреди да се вклучат во здравата урамнотежена исхрана. Вкусните малини се со ниска содржина на калории и заситени масти, но во исто време се богати со диететски влакна и антиоксиданти. 100 грама овошје обезбедуваат само 52 калории, а содржат 6,5 грама влакна.
Свежите малини се одличен извор на витамин Ц, кој е моќен природен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори со воспаленијата и да ги собере штетните слободни радикали. Малините содржат антиоксидантски витамини, како што се: витамин А и витамин Е. Покрај гореспоменатите антиоксиданси, тие исто така се богати и со други флавоноидни полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин. Заедно, овие соединенија служат како заштита на организмот од слободните радикали, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести. Малините се богати со витамини од Б-комплексот, како и со витамин К. Овие витамини имаат функција на кофактори во телото, кои помагаат во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.

Лубеница

Лубеницата (Citrullus lanatus) е блага, сочна и вкусна, која со нејзината црвена боја и освежителен вкус ја прават да биде симбол на летото. Таа одлично дејствува на човековото здравје и изобилува со нутритивни материи и го хидрира вашето тело.
Освен што содржи повеќе од 90% вода, богата е со витамини, посебно каротени (бета каротен), витамин Ц и витамините од Б групата. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, железо и бакар.
Лубеницата содржи дури 92 проценти вода, што е одличен извор на течност и мало количество растителни влакна што значи дека релативно брзо ќе се заситите и е одлична за оние кои се обидуваат да изгубат неколку килограми.
Лубеницата е извор на важен антиоксиданс, ликопен има голем удел во борбата против ракот, односно ја спречува појавата на ракот на дојката или простатата и помага во намалување на крвниот притисок, холестеролот и притоа ги штити и артериите кој заедно со витамините и минералите кои исто така влегуваат во неговиот состав го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. И цитрулинот кој го содржи лубеницата ги опушта крвните садови со што е одлична за артериите.
Лубеницата содржи многу витамини кои се добри за нашиот имунитет, здравјето на очите и нашиот мозок и е одличен извор на калиум кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од високиот крвен притисок.

Спанаќ

Спанаќот (Spinacia oleracea) му припаѓа на семејството амаранти и е едногодишно растение кое има изразено зелени нежни листови.
Спанаќот преполн е со хранливи материи, антиоксиданси и антиканцерогени состојки, изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил.
Тој е богат зеленчук со магнезиум и железо, а содржи и калиум, калциум, натриум, фосфор, бакар, цинк, јод и кобалт. Од витамините најмногу има витамин Ц, сите витамини од Б групата, а каротинот го обезбедува и провитаминот А.
Спанаќот е богат со флавоноиди и каротеноиди кои делуваат антивоспалително и антиоксидативно и го штитат организмот од болести поврзани со антиоксидативен стрес. Како инзвонреден извор на железо, спанаќот е една од намирниците која се користи за превенција и помош во лекување на анемии, а редовно внесување на спанаќ ги стабилизира нивоата на шеќер во крвта и спречува нагли промени на концентрациите на шеќерот во крвта.
Спанаќот содржи големи количини на зеаксантин и лутеин, кои се каротеноиди одговорни за боја во некои зеленчуци кои помагаат да се заштитат очите од штетите предизвикани од сончева светлина, а заедно со витаминот А се корисни за луѓе со слаб вид.
Спанаќот содржи и оксална киселина, чии кристали може да ги затнат бубрежните канали, па затоа луѓето кои имаат проблеми со бубрезите треба да го избегнуваат или да консумираат спанаќ во помали количини.

Кајсија

Кајсијата (Prunus armeniaca) припаѓа на фамилијата Rosacea од родот Prunus и изобилува со растителни влакна, витамини и минерали. Кајсијата е богата со целулоза, пектин, витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и со корисни природни шеќери, органски киселини, калиум, фосфор, магнезиум, јод и железо.
Кајсиите се богати со антиоксиданси кои го штитат нашето тело од слободните радикали и оштетување на клетките кои го попречуваат нормалниот процес на растот на клетките и доведува до формирање на клетките на ракот. Кајсиите се богати со витамини А и Ц, кои се моќни антиоксиданси кои се борат против ракот, зајакнување на имунолошкиот систем и го забавуваат процесот на стареење.
Покрај тоа во семето на кајсијата се содржи витаминот Б17 кој може да се бори против ракот. Оваа хранлива состојка може да помогне во спречување на рак на коски, рак на грлото на матката, рак на кожата, и е корисен за да се намали и одржува крвниот притисок.
Кајсијата е овошје кое помага во борбата со инфекциите, а исто така ги зајакнува забите и коските. Таа е одличен извор на растителни валкна, кајсиите содржат високи количини на пектин и целулоза, кои дејствуваат како благ лаксатив, со што помага во лекување на запек и добро влијаат на варењето на храната. Растителните влакна доведуваат до намалување на лошиот холестерол, со што се минимизира ризикот од срцев удар и подобрување на здравјето на срцето. а поради високото ниво на железо, кајсијата се препорачува на личности кои страдаат од анемија.

Грав

Гравот е едногодишно растение од семејството Fabaceae. Најраспространет е обичниот грав (Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок и низок.
Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини. Освен тоа, содржи и лецитин, како и минерали: калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Гравот содржи и витамини и тоа фолна киселина, тиамин, пиридоксин (Б6), витамин К, рибофлавин (Б2), пантотенски киселини и ниацин (Б3). Претставува одличен извор на протеини, со многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол. Гравот е богат со растворливи влакна кои го забавуваат варењето и прави подолго време да се чувствувате сити.
Бидејќи содржи диетални влакна, протеини и антиоксиданти, гравот исклучително поволно делува на нашето здравје. Го намалува холестеролот, го регулира нивото на шеќер во крвта и производството на инсулин бидејќи има низок глихемиски индекс и сложени јаглехидрати кои се варат полека, добар е за здравјето на системот за варење и штити од рак, особено од рак на дебелото црево. Гравот докажано го намалува и ризикот од срцеви болести поради веќе споменатата ниска содржина на масти.
Поради хранливите и лековитите својства на гравот, тој има широка биолошка и енергетска вредност, тој позитивно делува и при анемија, болест на забите, пад на имунитетот, настинка, грип, хроничен умор. И има поволни ефекти и врз менталното здравје.

Грозје

Грозјето е една од највкусните и најхранливите намирници кое може да го консумирате свежо или сушено, а популарни се и продуктите добиени од него како вино, сок, џем, оцет и масло од семки од грозје.
Постојат разни видови грозје кои се разликуваат по бојата и нивните хранливи материи.
Грозјето е богат извор на витамините Ц, Б комплекс и К, како и на бакар. Истовремено, тоа содржи хранливи влакна кои го одржуваат здравјето на дигестивниот систем. Други материи со антиоксидативна активност во грозјето се манган, бета каротен, лутеин, ликопен и ресвератрол.
Најголем дел од полифенолите (ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини) во грозјето се флавоноиди за кои е познато дека создаваат силна антиоксидантна активност кај луѓето и го намалуваат штетното дејство на слободните радикали кои настануваат при оксидативен стрес.
Грозјето содржи изобилство од флавоноиди кои се носители на бојата на ова овошје, а се заслужни за цела низа поволни влијанија врз здравјето на човекот, посебно за чување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии.

Леќа

Леќа
Леќата е едногодишно растение од семејството Fabaceae кое нашироко се одгледува како зрнеста култура и припаѓа во групата на легуминози, кои се карактеристични по големата застапеност на растителни протеини, витамини од В групата, како и минерали, железо, фосфор, манган, цинк и др. Богата е и со растителни влакна, а не содржи масти и холестерол.
Леќата е мал, но многу хранлив член од семејството на легуминози. Многу добар извор е на растителни влакна, кои помагаат во намалување на холестеролот. Покрај тоа, ги регулира нарушувањата на шеќер во крвта, бидејќи со високата содржина на растителни влакна го спречува брзото зголемување на шеќер во крвта по оброк. Леќата, исто така, е одличен извор на седум важни минерали, Б-витамини и протеини, а е речиси без масти. Протеинскиот состав ѝ е многу добар, така што обезбедува многу есенцијални аминокиселини, неопходни како примарна состојка за растење, за обновување на клетките и за отпорност на организмот.
Леќата е одличен извор на фолна киселина и магнезиум, кои се од голема важност за виталноста на срцето. Фолната киселина го намалува нивото на хомоцистеин, сериозен фактор на ризик за срцеви заболувања, a магнезиумот го подобрува протокот на крв, кислород и хранливи материи во телото. А растителни влакна кои ги содржи помагаат да се негува и балансира цревната флора, како и природно да се третираат други дигестивни нарушувања како нервозно дебело црево и дивертикулоза.

Рибизла

Рибизла
Рибизлата е бобинкасто овошје чиј плод има минијатурна големина, Плодовите можат да бидат црвени, бели или црни, зависно од врстата.
Бобинките имаат киселкасто сладок освежителен вкус, исклучително се сочни и тие се најлековитиот дел од билката. Имаат многу специфичен мирис, а во фармацевтската индустрија се користат и плодот и листот на рибизлата.
Рибизлите содржат и доста шеќери, белковини, минерални супстанции и танини, а се наоѓа и толку многу витамини, особено витамин Ц. Исто така рибизлите содржат и органски киселини и пектини.
Плодот на црната рибила (Ribes nigrum) со оглед на високата количината на витамин Ц, спречува и оздравува од тешки инфекции, а пред се од воспаление на белите дробови. Плодовите и сокот се многу корисни кај бубрежните болести и грчевитите болки на органите на дигестија, а се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Исто така се користи за зголемување на апетитот и јакнење на организмот, а сокот од рибизлата има антимикробно дејство, потоа диуретично, лаксативно дејство, а се употребува и за зајакнување на видот и капиларите.
Црвената рибизла (Ribes rubrum) е богата со витамин Ц, витамин Б комплекс, како и витамини А и К. Од минерали содржи калиум, железо, калциум, фосфор и магнезиум. Црвената рибизла се препорачува за здравјето на срцето и урамнотежување на крвниот притисок. Бобинките се добар диуретик, отстранува урична киселина и го олеснува гихтот и реумата. Бобинките на црвена рибизла го засилуваат апетитот, делуваат на зголемено излачување на жлездата за плунка, а поради многуте семки кои не се разградуваат ја регулираат работата на цревата.

Лук

Лук
Лукот (Allium sativum) е растение кое припаѓа во фамилијата Лукови и има голем број на позитивни влијанија врз човековото здавје. Тој е одличен извор на манган и витамин Б6, како и многу добар извор на витамин Ц и бакар. Освен тоа лукот изобилува и со селен, фосфор, витамин Б1 и калциум.
Лукот е одлична превентива и третман за многу кардиоваскуларни и метаболички болести вклучувајќи атеросклероза, хиперлипидемиа, тромбоза, висок крвен притисок и дијабетес.
Антримикробното, антивирусното и антигабичното дејство на лукот помагаат во олеснување на симптомите на настинка и разни други инфекции, благодарение на алицинот кој лукот го има во релативно висока количина.
Биоактивните сулфурни состојки во лукот се верува дека имаат ефект во секој стадиум од рак, како и ефект врз многу од биолошките процеси кои го намалуваат ризикот од настанување рак.
Лукот го подобрува нивото на шеќер, го намалува ризикот од компликации за болни од дијабетес, се бори против инфекции, го намалува LDL холестеролот и ја подобрува циркулацијата на крвта.
Лукот е полн со хранливи материи за коските, како што се цинк, манган, витамин Б6 и витамин Ц. И покрај тоа може да се користи како природен третман за ослободување од лузните од акни, како и за третман на кожни болести и алергии.

Цреша

Цреша
Црешата (Prunus avium) е листопадно дрвенесто растение од родот Prunus и припаѓа на фамилијата Рosaceae, чии истоимени плодови цреши, се користат во исхраната како овошје. Црешата е всушност месест плод кој има семка и е дел од една голема фамилија.
Слатки и вкусни, полни со хранливи материи и одлични за здравјето на човекот, Црешите изобилуваат со витамините А, Б и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо.
Витаминот Ц, каротеноидите и антоцијаните спаѓаат во групата на антиоксиданси и имаат голема улога во организмот бидејќи спречуваат оштетување на клетките од слободните радикали. Црешите како мошне јак антиокиданс ги забавуваат стареењето, развојот на хроничните болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања, канцерот, Алцхајмеровата болест, дијабетесот и дебелината.
Тие се богати со калиум и тој го одржува балансот на телото кој лесно се променува со внесување на многу солена храна. Црешите помагаат во намалувањето на холестеролот, особено лошиот познат како ЛДЛ-холестерол чие високо ниво се поврзува со срцеви заболувања, а намалувањето помага во намалувањето на срцевите болести.
Црешите содржат бројни фитохемикалии и диетални влакна кои се поврзуваат со намалување на ризикот од колоректален рак. Внесувањето на големо количество диетални влакна помага и при контрола на телесната тежина.

Праз

Праз
Празот (Allium ampeloprasum, syn. Allium porrum) е зеленчук кој заедно со кромидот и лукот припаѓаат на родот Allium, но за разлика од нив има помалку нападен вкус и мирис.
Празот е нискокалоричен зеленчук кој содржи голем број важни флавоноидни антиоксиданси, витамини и минерали, кои имаат докажано позитивно влијание врз човековото здравјето.
Нутритивниот состав на празот го сочинуваат: витаминот Ц, витаминот К, бета каротен, а од минералите најзастапени во празот се манган и натриум. Една од главните компоненти што го прават празот посебен, а и близок до лукот, е алицинот со докажано антибиотичко дејство, кој го прави имунитетот силен и отпорен, а и помага за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Празот содржи флавоноид кемпферол кој ги штити крвните садови од оштетување, вклучувајќи го и оштетувањето предизвикано од оксидација и се сметаат за успешен во превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Празот е значаен диуретик кој го поттикнува излачувањето на токсини од организмот и е богат со целулоза со што го олеснува варењето на храната и го стимулира празнењето на цревата. Покрај ова, празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.

Лимон


Лимонот (Citrus limon) е дрвенесто растение чиј плод лимон е од родот Citrus и припаѓа на фамилијата Rutaceae. Плодот е елипсовиден и се дели на жолт и зелен, но тое е комерцијална поделба бидејќи и двата вида на плод растат на исто дрво. Зелениот лимон се развива од пролетниот цвет и се добива пролетен плод, кој има тенка зелена кора и многу сочна содржина, а жолтите плодови растат на истото дрво, и разликата е во тоа што созреваат во зимскиот период.
Лимонот содржи голема количина на витамин Ц, но и други витамини, витамин Б, рибофлавин, витамин А и минерали калиум, калциум, фосфор и магнезиум.
Лимонот содржи голема количина на антиоксиданси меѓу кои се витамините А, Ц и Е, и ги уништува слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и ефикасно делуваат во борбата против ракот.
Поради содржината на витамин Ц кој ја помага апсорпцијата на железо во телото и делува против воспаленија, лимонот исто така делува антибактериски и е ефекиасен во третман за акни.
Лимонот содржи хемиско соединение наречено нарингенин, кое ефикасно го намалува воспалението на црниот дроб и ериоцитрин, кој помага во заштита на црниот дроб од оксидативен стрес.
Лимонот го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната, со што помешан со вода помага во регулирање на нередовната столица, го хидрира телото и ги намалува грчевите и мачнините.

Јагода

Јагода
Јагодите (fragaria ananassa) се од вкрстени видови чиј плод јагода е црвен со срцевидна форма, пријатен мирис и сладок вкус кој освен што е хранлива, ниско калорична има и лековити својства.
Свежите јагоди содржат 36.00 калории на 100 грама, од кои 7.00 г јаглехидрати на 100 грама свежи јагоди, 0.50 g масти на 100 гр свежи јагоди и 0.70 g протеини на 100 гр свежи јагоди.
Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц, витамини од Б комплексот, антиоксиданти, калциум, фофор, калиум и др.
Јагодите содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали и го намалуваат ризикот од настанувањето на тумори и предвременото стареење. Растителните влакна овозможуваат подобро варење на храната, ја регулираат работата на цревата и помагаат срцето да биде здраво, го одржуваат крвниот притисок, го нормализира нивото на лошиот холестерол и го регулираат шеќерот во крвта. Како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок и кардиоваскуларни болести, а манганаот делува антивоспалително, антиоксидативно и е одличен за здравјето на коските

Марула

Марулата (lactuca sativa) е листесто растение полно со хранливи материи кое припаѓа во фамилијата Asteraceae. Марулите се преполни со голем број хранливи материи, кои го зачувуваат и унапредуваат здравјето и играат значајна улога во превенцијата на разни заболувања.
Марулата изобилува со витамини и минерали и е одличен извор на вит. Ц, вит. А, витамини од Б комлексот (витамин Б6 (пиридоксин), рибофлавини, итн.), вит. К и исто така содржи адекватна количина на минерали, како што се: железо, калциум, манган и калиум, кои се неопходни за правилно функционирање на метаболизмот. Марулата е одличен извор на витамин А и бета-каротен кои имаат антиоксидативни својства. Витаминот А е неопходен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата, а е неопходен и за добриот вид. Зеаксантинот е важен каротеноид содржан во марулата кој селективно се апсорбира во слузокожата на ретината, каде што се смета дека обезбедува антиоксидативна функција и заштита од болести на очите предизвикани од старост.
Марулата е богат извор на витамин К кој игра потенцијална улога во зголемување на коскената маса и има значајна улога во терапијата на пациентите кои страдаат од Алцхајмерова болест, затоа што го ограничува оштетувањето на невроните во мозокот. Свежите листови содржат солидна количина фолати кои се неопходни за синтеза на ДНК и витамин Ц кој е моќен антиоксиданс кој штити од штетното дејство на слободните радикали и помага во борбата со инфективните агенси.

Круша

Круша
Крушата Pyrus communis, е овошен плод кој спаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Pyrus. Постојат неколку стотици видови круши, секој вид со различен облик, боја, големина и вкус. Тие се сочни, благи и со малку зрнеста структура.
Енергетската вредност на крушата на 100 гр круши е 58 калории од кои 15,5% отпаѓаат на јаглехидратите, 0,4 % на протеините и 0,1% на мастите. Крушите се одличен извор на растителни влакна, а освен нив, содржат витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и фолна киселина и ниацин. Ова овошје е богат извор на бакар, калиум и фосфор, а во помали количини содржи и железо, магнезиум, натриум и сулфур.
Свежата круша е извонреден извор на диететски влакна кои играат особено важна улога во варењето на храната, ја регулираат работата на цревата и на тој начин превенираат појава на опстипација и дијареја. Растителните влакна истоа така помагаат срцето да биде здраво, го одржуваат крвниот притисок и го нормализира нивото на лошиот холестерол. Витаминот Ц и бакарот кои се наоѓаат во крушата се нутриенти кои даваат значаен придонес во антиоксидативната заштита на организмот од слободни радикали и се вистински пријатели на имуниот систем. Свежата круша е одличен извор на калиум, кој влијае врз здравјето на срцето. А еден од корисните витамини во човековиот организам е витаминот А со кој крушите изобилуваат и секако и со неговите споредни компоненти како што се лутеинот и зеаксантинот. Тие делуваат како антиоксиданти и можат да ги намалат ефектите на стареењето на кожата, макуларната дегенерација, катаракта и многу други состојби поврзани со процесот на стареење.

Пченка

Пченка
Пченката (Zea mays) е значајна житна култура за која е докажано дека е богата со антиоксиданси, а воедно е и многу значајна заради нејзиниот нутритивен состав.
Пченката е добар извор на растителни влакна кои го намалуваат холестеролот во крвта и го регулираат крвниот притисок. Поради влакната и протеините што ги содржи, пченката е добра за регулирање на гликемијата. Исто така влакната помагаат при запек (констипација) и овозможуваат побрзо отстранување на штетните материи од организмот. Пченката е богата со витамин Ц, кој е важен за обновување на ќелиите како и за силен имунитет, потоа со магнезиум кој е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите. Богата е со Б витамини кои се важни за енергијата на метаболизмот, витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот. Пченката, исто така, е богата и со антиоксиданси, кои се од исклучителна важност за здравјето. Богата е со моќните антиоксиданс заексантин и лутеин кои го подобруваат и штитат здравјето на очите.
Пченката е житарка која овозможува добра исхранетост на нашиот организам поради тоа што ја подобрува искористливоста на некои витамини и минерали, а во нејзиниот состав не содржи глутен и претставува безглутенска житарка која наоѓа голема примена во исхраната, и може слободно да ја консумираат лица кои што имаат целијакија (неподносливост на организмот на глутен).

Карфиол

Карфиолот (Brassica oleracea var. botrytis) е едногодишно растение од фамилијата зелки и му припаѓа на групата на најквалитетен зеленчук, богат со многу витамини и состојки неопходни за добро здравје. Тој пред се е ниско калорична намирница, но има многу голема хранлива вредност.
Карфиолот е голем извор на витамин Ц кој го зајакнува имунолошкиот систем, и благодарение на својот состав, карфиолот делува антибактериски и антивирусно, богат е со железо, калциум, калиум, магнезиум, како и витамини Б1, Б3, Б5 и Б6, фолна киселина и многу минерали кои го штитат и чуваат нашето здравје.
Карфиолот е многу делотворен против малигните болести, благодарение на анти-канцерогените состојки, бидејќи помага да се изгради и одржи силен имунитет. Освен ова тој е одличен и при анемии, а поради фолната киселина и поволната нутритивна слика се препорачува да го користат и деца и бремени жени.
Овој зеленчук е одличен за детоксификација на организмот, претставува богат извор на антиоксиданси, а исто така и како лек за разни воспалителни процеси кои може да доведат до сериозни болести. Карфиолот делува превентивно кај кардиоваскуларни болести и рак, а редовното консумирање на овој зеленчук го намалува ризикот од артритис, дебелина, дијабетес.

Јаболко

Јаболкото (Malus domestica) е едно од најпопуларните овошја, кое содржи импресивна листа на есенцијални хранливи материи, кои се неопходни за нормален раст и развој, но и за општата здравствена благосостојба.
Јаболката имаат ниска калорична вредност. Не содржат заситени масти и холестерол, а се богати со растителни влакна, кои ја спречуваат апсорпцијата на ЛДЛ холестеролот од храната во дигестивниот систем. Растителните влакна исто така помагаат во заштитата на слузокожата на дебелото црево од изложеноста на токсични супстанци, преку сврзување со хемикалиите кои предизвикуваат рак.
Јаболката содржат солидна количина витамин Ц и бета-каротин. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да создаде отпорност кон разни инфективни агенси и да ги собере штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспанија. Тие се богати со антиоксидантските хранливи фитоматерии полифеноли и флавоноиди, кверцитин, епикатехин и процијанидин кои му помагаат на телото да се заштити од штетните ефекти на слободните радикали.
Дополнително, јаболкото е богат извор на витамини од Б-комплексот, како што се: рибофлавин, тиамин и пиридоксин (витамин Б6). Заедно, овие витамини служат како кофактори за ензими во метаболичките процеси, како и во разни синтетички функции во телото, а содржи и мали количини на минерали, како што се: калиум, фосфор и калциум.

Јапонско Јаболко

Егзотичното овошје кое го нарекуваме јапонско јаболко, крие сладок медов вкус под портокаловата кора. Кога е недозреано, јапонското јаболко го отрнува јазикот, заради што многумина имаат аверзија, но во зрела форма со темнопортокалова боја, покрај тоа што изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси, има и убав вкус и мирис.
Јапонските јаболка содржат многу малку калории (70 cal/100 g) и се богат извор на влакна. Тие изобилуваат со антиоксиданси кои се познати по тоа што го спречуваат настанувањето на тумори и имаат портиввоспалително дејство.
Свежите лодови содржат витамин А, витамин Ц, кој особено ни е потребен за зајакнување на имунитетот. А Содржат и витамини од Б групата, како што е Б6 витаминот кои помагаат во разни метаболитички функции во телото. Потоа содржи бета каротен, ликопен, лутеин, зексантин и крипоксатин кои играат важна улога во борбата против слободните радикали на кислород, кои го предизвикуваат стареењето, како и различни болести.
Јапонските јаболка се одличен извор на на калиум, магнезиум, бакар и фосфор.
Поради овие и многу други придобивки кои ни ги нуди ова т.н ''златно јаболко '' треба и тоа како да биде застапено на нашата трпеза и во нашите оброци во текот на денот.

Цитрон

Покрај огромната количина на витамин Ц, цитронот изобилува и со други витамини и минерали. Во црвените цитрони има големи количества на ликопен, моќен антиоксиданс, за кој се тврди дека поседува и антиканцерогени својства. Оваа особина на ликопенот била најчесто испитувана кога станува збор за рак на простатата кај мажите.
Цитроните изобилуваат и со флавоноидот нарингенин. Овој флавоноид се поврзува со репарација на оштетените ДНК молекули и со функцијата на црниот дроб. Истражувачите сметаат дека нарингенинот го стимулира црниот дроб наместо да ги складира, да ги троши и исфрла мастите. Затоа во секоја втора диета, цитроните се главната намирница. Сепак токму овој флавоноид го прави цитронот непогоден за консумација кај лица кои примаат лекови против покачен холестерол.
Практичен факт: Наједноставно е цитронот да се преполови и да се консумира со лажица.
Цитроните се и одличен извор на витаминот А кој е чувар на видот. Во само 130 грами сок од цитрон има една третина од дневните потреби за овој витамин. Во комбинација со една лажичка мед, цитронот може да стане одличен утрински горко-сладок витамински стартер.
Студии спроведени од американски научници потврдија дека цитронот е магичната формула за здраво непце.
Така, само 2 цитрона на ден се доволни за обнова на непцето, а најголемата придобивка од него ќе ја почувствуваат оние кои имаат проблем со крвавење на непцето. Големото присуство на витамин Ц делува благотворно особено кај пушачите, кои во голема мера го оштетуваат непцето. Само една чаша цеден цитрон е доволна да ги замени сите дневни потреби за витамин Ц.
Цитронот е добар и за намалување на телесната тежина. Создава чувство на ситост, има малку калории .Можеме да кажеме дека состојките кои што ги има ова тропско овошје има голем удел во намалување на инсулинот во крвта. Нутриционистите исто така советуваат и дека оние кои имаат зголемено ниво на холестерол пожелно е да консумираат цитрон и тоа два пати во текот на денот.
После испитувањето, спроведено од американските научници, сите личности кои го консумирале цитронот имале значително покачување на нивото на серотонин, хормонот кој го буди чувството на среќа.
Кога веќе ја знаеме магичната формула за нашето здравје останува само да ја примениме !

Калинка

Калинката е симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Сокот од калинка има силна антиоксидативна моќ, посилна дури и од таа на црвеното вино и на зелениот чај. Според истражувањата, сокот од калинка е трипати посилен од истото количество зелен чај или црно вино, боровинка или брусница. Заштитното дејство им се препишува на фитохемикалиите – полифеноли, танин и антоцијан. Само со една чашка сок можете да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести.

Латинскиот превод на зборот калинка значи јаболко полно со семки. Во народната медицина овој производ се користел против цревни паразити. Просечната енергетска вредност на 100 грама калинка е 74 килокалории. Богат извор е на калиум. А содржи и магнезиум, фосфор, калциум, железо, бакар. Од витамини содржи каротеноиди, витамини од групата Б и Ц-витамин.

Сокот од калинка спречува оксидација на ЛДЛ-холестеролот, односно превенира од артеросклерозата. Научните набљудувале како ЛДЛ–холестеролот се однесува во присуство на сокот од калинка и заклучиле дека помалку од 40% од молекулите на ЛДЛ-холестеролот оксидирале. Овој сок има и хемотерапевтско дејство врз клетките на карциномот на простата. Калинката поседува силни антиоксидативни и противвоспалителни дејства. Екстратот од калинка има способност да го забави растот и да ги уништи клетките на карциномот на простата.

Обично некои луѓе сакаат да ги џвакаат целите зрна од плодот, па потоа да ги проголтаат и семката и месото на плодот. Оваа навика е многу корисна бидејќи семките имаат многу корисни материи меѓу кои и несварливи влакна. Секогаш при купување обрнете внимание плодовите да бидат тешки, тркалезни и со големина на портокал бидејќи поголемите плодови имаат повеќе сок. Калинката може да ја чувате дури и еден месец на ладно и суво место или пак два месеци во ладилник. Свежиот сок консумирајте го веднаш!

РОГАЧ - " ЦРНО ЗЛАТО "


Рогачот е толку ценет, па дури и се смета за свето дрво бидејќи е многу отпорно на разни надворешни влијанија. Нема потреба од прскања со разни хемикалии, а тоа значи здрав еколоши продукт. Кората и листовите па и самото дрвото имаат лековити својства и се користат за подготовка на разни екстракти кои помогаат во борбата со настинки, бронхијални и белодробни заболувања, како и дигестивни нарушувања.
Рогачот се користат како лек за внатрешни повреди, рани во устата, кашлање, проблеми со дишењето, па дури и дијабетес.
Супстанцата која се наоѓа во плодовите е наречена “смола на дрвото рогач”, во прехранбената индустрија се користи како стабилизатор и згуснувач, но и во козметика и фармацевтската индустрија. Познат е како Е410.
За плодовите на рогачот се вели дека е храна на евангелистите, фараони и современите жители на Медитеранот.
Плодовите се богати со прехранбени влакна (пектин и лигнин), кои ја подобруваат флората во дигестивниот тракт, ја намалува количината на штетни бактерии, а и го намалуваат нивото на холестеролот. Покрај тоа, тие ги отстрануваат тешки метали и токсични материи од организмот. Постојат докази дека плодовите на рогачот ја спречува појавата на рак и помага за добро функционирање на срцето и бубрезите.
Тој се користи за лекување на внатрешните рани, чиреви, болка во грлото и кашлица, како лек против пролив, труење, за чистење на организмот од разни отровите, нервни нарушувања и нарушувања на сонот.
Тој е исто така еден моќен афродизијак. Од плодовите се прави алкохол, се добива прав како замена на какаото, кој може да го користат дури и заболените од дијабетес, а со него се приготвуваат и разни сосови.
Штом дрвото на рогачот е толку корисно, па зошто тогаш да не го примениме и ние во нашата исхрана.!!

Гоџи Бери

Гоџи Бери
Модерниот начин на живот создава потреба од секојдневна консумација на антиоксиданси со цел да се спречи негативниот ефект на слободните радикали, a малата гоџи бобинка е една од најмоќните билки во светот и на прво место на американката скала - ORAC, која ги мери антиоксидантните својства на храната.
Гоџи бери плодовите содржат аминокиселини кои се неопходни за организмот, од нив, дури осум се есенцијални, односно се незаменливи бидејќи не се синтезират од човечкото тело. Содржи минерали меѓу кои антиканцерогениот германиум, потоа калциум, калиум, железо, фосфор, натриум, цинк, селен, јод и други, сите главни и споредни витамини, витаминот Ц, Б витамини неопходни за претворање на храната во енергија (Б1, Б2, Б6), потоа витамин E и провитамин А (исто колку и во морковите).
Гоџи бобинката содржи Циперон (кој благотворно делува на срцето, крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми), солаветивоне (моќно антигабично и антибактериско соединение), Физалин (активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б), и Бетаин, (кој ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црниот дроб).
Гоџи е најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници, и останати состојки потребни за јакнење на имунитетот на организмот кои се предуслов за здрав и долг живот на човекот. Според сите овие карактеристики кои оваа култура ги носи со себе во медицината е позната како „црвен дијамант“.

Пиперка

Пиперка
Пиперката може слободно да се нарече храна и лек. Нејзината корист за организмот е огромна и тоа од разни аспекти.
Пиперката е богата со минерали калиум на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство, фосфор и железо, витамини, посебно со витамин Ц. Во пиперката има и значителни количини на витамини од Б групата, а содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства. Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротен и криптоксантин.
Капсаицинот е специфична материја и е составен дел на етеричните масла и таа ја дава лутината на плодовите на пиперката. Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот. Алкалоидот капсаицин делува антисептички, а во дигестивниот тракт го спречува развојот на бактериите на гниењето и го подобрува варењето на храната. Покрај тоа, капсаицинот има силно аналгетско дејство. Капсаицинот го зголемува и нивото на хистаминот во крвта, кој е главен одбрамбен систем на човечкиот организам против реуматските заболувања.
Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, благодарение на состојката ситрин, која влијае на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на атеросклероза.

КРОМИД


Alium cepa спаѓа во групата зеленчуци. Нутритивната вредност на 100 гр кромид изнесува 40 kcal. Од нутриентите застапени во кромидот јаглехидратите се 9,34 гр, протеини 1,4 гр и мастите со 0,1 гр. Диеталните влакна се застапени со 1,7 гр, а вода има 89,1 гр.
Витаминско минералниот статус на кромидот е од големо заначење за заштита, зачувување и унапредување на човековиот организам. Од витамините застапени се витаминот Ц, А и фолатите во поголеми и Б групи во помали количини. Минералите се застапени преку калиум 146 мг, фосфор 29 мг, калциум 23 мг, селен, манган, бакар, хром, сулфур.
Тие помагаат во превенција на остеопороза кај повозрасни жени. Антиоксидативниот ефект на кромидот се должи на фитонутриентите флавоноиди и полифеноли, кварцетин кој го подигаат имунитетот и имаат антивирусно и антиканцерогено дејство, но и цинк и селен кои го подобруваат имунитетот. Конзумирањето на кромидот помага и во регулирање на шеќерот и холестеролот. Со растителните влакна позитивно се однесува на кардиоваскуларниот систем и намалена гликемија во крвта.
Антиалергискиот ефект му се должи на етанолните екстракти, а бронходилататорниот за подобрување на респираторната функција се должи на присуство на тиосулфонатите во кромидот.
Се користи свеж во разни видови јадења, салати, зачин (свеж, но и сушен). Најдобро се чува во сув, темен и проветрен простор во мрежести вреќи

Аронија – најлековитото овошје во светот

Аронија – најлековитото овошје во светот


Аронијата е овошје кое до неодамна воопшто не беше проучено. Има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот.

Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенцијата против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни матерјали па и тешките метали. Освен ова аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол.

Здравствениот бенефит од користење на аронијата е огромен.Од лековитите својства што и ги препишуваат најмогу се користи за прочистување на крвта, ја подобрува циркулацијата, ги спречува болестите на срцето, ја ублажува мигрената и главоболката, го регулира крвниот притисок и холестеролот, поволно делува на цревата и желудникот, ги намалува воспалителните процеси, ја регулира работата на тироидната жлезда, го спречува развојот на вирусните и бактериските инфекции, го регулира шеќерот во крвта, го успорува развојот на атеросклерозата, штити од деменција и Алцхајмерова болест, лечи уринарни инфекции, овозможува правилна работа на жолчката и црниот дроб покрај тоа што ги прочистува.

Плодовите на Аронијата содржат каротен кој ги штити клетките од оштетувања, го подобрува видот,спречува појава на катаракта. Аронијата исто така штити од UV зрачење, има способност да на себе ги врзува тешките метали и радиоактивни елементи и го овозможува нивното излачување од организмот.

Тиква

Тиква
Тиквата спаѓа во групата на зеленчуци и со својот состав е ризница на витамини, минерали, антиоксиданси, а семките и маслото од неа ја прават уште подрагоцена за здравјето во однос на придобивките од нивно конзумирање.
Месестиот дел е ниско калоричен продукт со 30kcal/100гр. Шеќерите се застапени со 6,5гр/100гр тиква, протеините со 1гр, а вкупно масти има 0,1гр. Водата е застапена со 91,6гр/100гр сирова тиква.
Богата е со витамини и тоа витамин Ц, Б витамини (Б1, Б2, Б3 – ниацин кој е најмногу застапен од оваа група), потоа витамин А, витамин Е, витамин К. Од минерали, тиквата е богата со калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум (застапен во мала количина) и цинк (застапен во поголема количина).
Во 100 гр тиква има 1,3 гр растителни влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, помагаат во перисталтиката на цревата, ја намалуваат ресорпцијата на глукоза и липиди во крвта. Содржи бета каротен и заедно со витамините Ц и Е, аминокиселините кои ги содржи и минералите цинк и калиум, ги неутрелизираат слободните радикали и го подобруваат имунитетот. Од големо значење е за работата на КВС, забите и коските.
Содржината на цинк и кикурбитацин во месестиот дел и семките од тиквата е од огромно значење за зачувување на здравјето на простата и при третман за нејзино заболување од бениген карактер.

Доматот како природен – Антиканцероген и заштитник на вашето здравје !



Доматот е вкусен и лековит зеленчук. Кај нас доматот доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата.
Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.
Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а изобилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали.
Доматот ја содржи состојката ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен.
Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.
Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите.
Доматот ја подобрува работата на цревата, кардиоваскуларниот систем, помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот, штити од рак и т.н
За да ги искористите сите овие придобивки кои ги нуди доматот Ве советувам за што поголема примена на истиот во вашата домашна кујна.

Грашок

Pisium Sativum е едногодишно зеленчуково растение од групата мешунки, од која за исхрана се користи зеленото семе – зрна. Енергетската вредност е релативно повискоа споредена со другите зеленчуци, а таа произлегува од повисоката вредност на протеини и шеќери (скроб) кој се содржат во него. На 100 гр грашок се ослободува 81 kcal. Содржи Витамин А, Витамин К и други витамини, а од минералите Железо, Калциум, Калиум, Фосфор итн. Содржи и растителни влакна кои се важен елемент при обработка и дигестија на хранливите продукти во дигестивниот систем.
Нутриентите кои се составен дел на грашокот имаат протективно дејство врз човековото здравје и влејаат на негово подобрување. Антиоксидативниот ефект му се должи на катехините, епикатехините, α и β каротенот и фенолните киселини кои го елеминираат штетното дејство на слободните радикали. Во гаршокот се содржи и омега 3 - есенцијална масна киселина која е важна во превенција на кардиоваскуларни заболувања.
Грашакот има низок гликемичен индекс, бавно го подига нивото на шеќерот во крвта, а преку растителните влакна кои ги содржи ја намалува апсорпцијата на шеќерите и холестеролот од дигестивниот систем во крвта. Тоа го прави корисен за дијабетичарите, а од друга страна холинот – витамин од групата Б е протектор на КВC. Куместролот кој го содржи грашакот во огромна мера го намалува ризикот од рак на желудник.

© 2019 Cyber Green Market LLC

c4212f_9d188871c5b44b8ca3d28adf38b19427~mv2.jpg