VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Mакедонски органски лешник за првпат се извезува на швајцарски пазар

Nelkoski Organic е семеен бизнис во с.Драслајца, Струга. Пред десетина години, семејството започна со само 500 стебла лешников насад, што со текот на времето прерасна во 10 хектари насад и мал преработувачки погон за калибрација, кршење и пакување лешници. Денес, Нелкоски се фокусираат исклучиво на органско производство, со тоа што се први производители на органски лешник сертифицирани по Bio Swiss стандард во државата и го развиваат брендот за производи од органски лешник Заум.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ги поврза Nelkoski Organic со добропознатиот швајцарски ланец на супермаркети Coop, кои беа заинтересирани да набавуваат органски лешник од Северна Македонија. Квалитетот, вкусот и стандардите на органско производство на Нелкоски ги задоволија строгите швајцарски стандарди. Сепак, Нелкоски се соочија со дополнителна препрека за извоз кон Coop бидејќи ги немаа потребните машини за пакување на лешникот според барањата на Coop и се обратија до ИМЕ за да побараат поддршка за коинвестиција за набавка на потребните машини.

„Благодарение на Фодот за можности на ИМЕ, успеавме да набавиме машина за вакумирање и сега можеме да ги пакуваме лешниците во големи вреќи од 15 кг. Оваа технологија на пакување овозможува лешникот да ја задржи потребната природна влажност и подолго да остане свеж во пакувањето. Со поддршка на ИМЕ набавивме и машина за пакување на палети, што е едно од барањата на Coop за безбеден транспорт на лешниците.”, сподели сопственикот Бошко Нелкоски. Дополнително, Нелкоски инвестираа во метален детектор кој е задолжителен за фирмите кои сакаат да вршат извоз во земјите од ЕУ, како и компресор на воздух за машините.

Машините веќе пристигнаа во погонот на Нелкоски и пробното производство помина одлично. „Сега се подготвуваме за првата пратка на првокласен македонски органски лешник во Швајцарија. Првиот тон лешници ќе биде испорачан кон Coop во средината на јуни” додава Нелкоски.

Ова е само мал дел од побарувачката на швајцарскиот купувач. Coop побара да набави 7 тони македонски органски лешник само во првата сезона, па Нелкоски се обидува да го зголеми бројот на локални производители на лешник кои ќе почнат со органско производство. Нелкоски организира средби со производителите за да им ги презентира новите машини и да ги запознае со барањата на Coop, со цел да мотивира што поголем број од нив се стекнат со Bio Swiss стандардот и да започнат органско производство за швајцарски пазар. Како подолгорочна цел, Нелкоски се стреми да има и до 30 кооперанти од струшкиот регион.

И покрај глобалната криза предизвикана од Ковид-19, Нелкоски работат со полна пареа. „Предизвици има, но ние успеавме да ги задржиме сите вработени и да не ги намалиме платите. Со новите договори за извоз очекуваме одлична продажба во наредните два до шест месеци. Продолжуваме да работиме кон нашата главна цел да произведуваме храна од срце.”

Со оваа инвестиција, Нелкоски ќе влезат на меѓународен пазар каде ќе добијат повисока цена за своите производи, а со тоа отвораат врати и за останатите локални произведувачи. „Доколку успееме да извеземе македонски производи во Швајцарија, што знаеме дека важи за еден од пазарите со најстроги барања во светот, тогаш сме чекор поблиску и до сите останати пазари“, за крај додава Нелкоски.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!