VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Kатегоризација и попис на свињарските фарми

Од 25 мај до 10 јули, од страна на ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за храна и ветеринарство за извршување на активности од јавен интерес, спроведени се ветеринарни посети и извршени клинички прегледи на 96,1 процент, односно на 2778 од евидентираните 2888 одгледувалишта.

Во завршна фаза на реализација се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик. Од 25 мај до 10 јули, од страна на ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за храна и ветеринарство за извршување на активности од јавен интерес, спроведени се ветеринарни посети и извршени клинички прегледи на 96,1 процент, односно на 2778 од евидентираните 2888 одгледувалишта.

Од нив, 319 одгледувалишта категоризирани се како одгледувалишта со низок ризик, 2141 со среден, а 318 одгледувалишта, евидентирани се како фарми со висок ризик.

Евалуација (проценка на извршената категоризација спроведена од страна на ветеринарните друштва) ќе се спроведе од страна на официјални ветеринари и стручни лица од АХВ.

Дополнително, од страна на официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во тек е спроведување на контроли на одгледувалиштата каде по спроведениот попис во февруари годинава, кај 850 одгледувалишта е утврдено дека нема свињи. Контроли се спроведуваат и кај малите фарми, кај кои оваа година, за прв пат се спроведени клинички прегледи од страна на ветеринарните друштва.

Врз основа на спроведениот попис на одгледувалишта на свињи со вкупно 133.397 единки, утврдено е дека најголемиот број од свињите, односно околу 70 проценти од популацијата, или 92 934 единки се одгледуваат во 16 големи свињарски фарми, со над 1000 единки. Во 69 фарми (од 101 до 1000 единки) се одгледуваат 20 976 свињи, во 464 фарми кои имаат од 11 до 100 единки, евидентирани се вкупно 12 361 свињи, а во 2 339 фарми со 1 до 10 единки, евидентирано е дека се одгледуваат 7126 свињи.


Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!