VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Билкарството како хоби и рекреација

На падините на Скопска Црна Гора во овој период од годината е раздвижено - се разбира кога карантинот не е на сила - не само поради оние што сакаат да избегаат подалеку од градскиот метеж, туку и заради билкарите. Ова е идеално време за собирање и сушење на лековити растенија, кои барем во овој крај ги има во изобилство

Речиси и да нема површина далеку од градскиот асфалт на која познавачите на природата и растенијата, не можат да препознаат корисни и лековити растенија. Милка Анастасовска од Скопје, инаку пензиониран физиотерапевт, на прсти ги знае сите села околу Скопје, затоа што нејзино хоби е билкарството. Со години наназад од почетокот на март, па се до доцната есен, како што самата вели, е околу селата на Скопска Црна Гора, ....Бразда, Глуво, Кучевиште, Побожје Раштак.....
„Сите овие села се многу близу до Скопје, но светлосни години далеку, кога се природата и сите нејзини дарови во прашање. Кога е дозволено движењето не можам а да не дојдам во оваа недопрена убавина. Моето мото е дека за секоја болка има и билка, а во моментов собирам камилица, ајдучка трева, млечки и кукурек и кантарион. За мене билкарството никогаш не било бизнис, иако познавам многу луѓе кои добро заработуваат од ова“.
Анастасовска вели дека од некои растенија си подготвува мелеми и масти, од други чаеви, а некои едноставно ги користи за јадење. Од дивите сливи и јаболчиња, си подготвувам ликери, од шипинките и шумските плодови правам слатко, од бозелот сок, а знам да наберам и многу различни тревки и да си подготвам зелена салата“. Таа предупреува дека доколку растенијата не се познаваат доволно може да направат повеќе штета отколку корист. Не се јаде се што ќе се најде во природата, а некои растенија набрани подоцна одколку што треба, знаат да предизвикаат и тешки труења и дијареа, вели нашата соговорничка.

Дека Анастасовска е во право, говори и фактот дека агрономот Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, го советува истото. Таа потенцира дека при собирање на лековити ароматични растенија треба да се знае точно за што се собираат истите, односно кој дел од растението се собира и во кое време тоа треба да се направи. Според тоа постојат одредени правила. Ако се користи коренот, тоа растение се собира во пролет или есен, лисjaтa се собираат кога растението е во фаза на интензивно цветање, а плодовите се собираат или пред зреење или кога плодот е целосно зрел. Сите растенија се собираат по убаво и суво време, околу пладне кога во воздухот има најмал процент на влага. При собирање растенијата или нивните делови се сместуваат во плетени кошници, кутии или платнени кесиња. Никогаш не смее да се користат пластични кеси зашто во нив нема циркулација на воздухот и собраните растенија брзо овенуваат, а може да се појави и трулеж.

Цветовите се собираат кога растението е во фаза на почеток на цветање. Цветовите се многу нежни па затоа се собираат еден по еден. Тие се складираат во плетени кошници или кутии и при тоа треба да се внимава да не се нагмечуваат или физички оштетуваат, а веднаш потоа се пристапува кон нивно сушење во природни услови или специјално направени сушарници. Лисјата се собираат пред цветање или за време на цветање на растението. Најквалитетни лисја се собираат во период кога се јавуваат првите цветови зашто тогаш се најсочни и со најмногу лековити материи во себе. Лисјата се собираат по убаво и суво време, зашто влагата може да доведе до палење-трулеж. Треба да се собираат само млади, здрави, сочни лисја кои се складираат во кошници или кутии без да се нагмечуваат и веднаш се носат на сушење. Лековитите растенија се надземни зелјести растенија познати како треви. Се собираат во почетокот на цветање на растенијата заедно со стеблото, листот и цветот. При тоа важно е тоа да не се собираат интензивно расцветани растенија затоа што тие поседуваат многу помалку лековити материи. Плодовите и семињата, советува Калајџиеска Бебекоска, се собираат кога се зрели, освен плодот на шипинката која се собира пред фаза на целосно зреење. Кога се собира кора од одредини растенија таа се лупи во текот на пролетта кога дрвото содржи најмногу сокови, односно лековити сосотојки.

Б.Абрашева Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!