VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Спречена појава на град во повеќе региони во државата

Во текот на вчерашниот ден, со помош на новата метода за заштита од град со авионско засејување на облаците, повторно успешно е спречена појава на град и не е причинета материјална штета на земјоделските посеви.

Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје, вчера во периодот од 16:13 часот до 18:43 часот изврши авионско засејување на градоносни облаци и потенцијално градоносни облаци со 29 палки (една палка содржи 400г сребро јодит).

Првото дејствување врз градоносен облак е во периодот од 16:13 до 16:35 часот во јужниот дел на Пелагонија и Ресенско, каде е дејствувано со 12 палки сребро јодит, а потоа во реонот на Кратово од 17:16 до 17:43 часот со 11 палки. Во 18:03 часот дејствувано е со авионско засејување на потенцијално градоносен облак северо-источно од Свети Николе со 3 палки и во 18:39 часот во Кочанско со 3 палки.

Според радарските слики и информациите од нашите земјоделци од терен, засејувањето било успешно. Спречена е појава на град, а со тоа земјоделските посеви остануваат заштитени и без причинета штета.

Со овој модерен систем за заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојуваше за исплата на обештетувања. Управата за хидрометеоролошки работи, активно ја мониторира блачностa и движењето на градоносните облаци, преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште. Во целиот процес за заштита од временски непогоди, клучни се радарските системи за добивање на навремени и точни податоци за временската прогноза.

Во изминатиот период реновирани се повеќе метеоролошки станици и обновен е и надграден радарскиот систем Ѓуриште, што значително допринесе за точна и прецизна временска прогноза, а современиот начин на дејствување со авионско засејување, досега во веколку наврати покажа дека оваа метода е ефикасна заштита.
Земјоделските посеви се заштитени, а со тоа е заштитен и трудот на земјоделците.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen