VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

„Пакомак“ ја доби наградата „Energy Globe Award“

Проектот „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, што „Пакомак“ со магионичарот Кристијан Шопов го реализира за еко-едукација на децата од предучилишна и од училишна возраст е добитник на интернационалната награда „Energy Globe Award“.

Најзначајната еколошка награда во светот со која им се оддава интернационално признание на проекти и фирми со голем придонес кон заштитата на животната средина во национални рамки, „Energy Globe Award“, оваа година отите во рацете на „Пакомак“.
Како што информираат од „Пакомак“, станува збор за најзначајната еколошка награда во светот со која им се оддава интернационално признание на проекти со голем придонес кон заштитата на животната средина во национални рамки.

– Во овој проект „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, преку забавна магионичарска претстава и интересни трикови, децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина. Претставата во која децата се едуцираа, дека стаклото треба да го фрлат во зелениот контејнер, хартијата во синиот, а пластиката и лименките во жолтиот контејнер ја видоа над 33.700 деца во Скопје од 52 училишта и уште 17.000 деца од 45 училишта од 7 градови од Македонија, соопштија од „Пакомак“.

Проектот е поддржан од Пивара Скопје и Холандската амбасада во земјава.

За „Energy Globe Award“ оваа година конкурирале над 2500 различни еко-проекти од над 180 земји. Наградата се доделува на национално ниво според утврдени критериуми, оценувајќи го долгорочниот ефект на секој проект врз заштитата на животната средина.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!