VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Шумските печурки, нивната улога и важноста во природата

Печурките како и останатиот дел од габите се хетеротрофни организми што значи дека, за
разлика од растенијата, тие се прехрануваат од распаднати мртви/живи растителни или од
животински материи. Според начинот на живеење, печурките може да бидат сапроби, паразити или да живеат во симбиоза со други организми.

Сапробните печурки дејствуваат како рециклирачи на мртвите органски материи и овозможуваат циркулирање на материјата во природата. Животот на земјата би бил невозможен без овој процес. Паразитите се хранат со други живи организми и вообичаено предизвикуваат степен на оштетување. Печурките од третата група формираат специфичен и заемно полезен однос со растенијата (некои растенија не може да пуштат пупки без присуство на печурки), а овој однос се нарекува симбиоза. Симбиозата е многу важна за дрвјата. Без печурките, шумите растат многу побавно и ја губат отпорноста кон болестите.

Печурките апсорбираат вода и минерални материи кои ги употребуваат растенијата во процесот на фотосинтеза. Поради нивната тесна приврзаност за растенијата и поради важната улога која ја имаат во природниот животен циклус, печурките може да се
најдат во сите живеалиште на растенијата. Сепак, шумите остануваат живеалиште на најголем број видови печурки.

Важноста на заштитата на печурките и најголеми фактори на загадување

Печурките се загрозени од различни фактори како:
- деградација и уништување на почвата
- загадување на животната средина
- несоодветно и преобемно собирање и
уништување на плодните тела итн.
Во нашата земја се забележува значителен пораст на собирањето печурки од природата за
комерцијални цели. Секој собирач може активно да придонесе во нивната заштита, пред сѐ со внимателно третирање.
Во процесот на собирање од природата потребно е почитување конкретни правила за да се зајакне нивната одржлива употреба.
Плодното тело не смее да се корне бидејќи со неговото корнење се уништува мицелиумот.
Најдобар начин е плодното тело нежно да се заврти и потоа полека да се извлече од почвата. Дупката треба да се пополни со супстратот во кој израснала печурката.
Плодното тело не треба да се сече со нож во долниот дел од стебленцето бидејќи ова може да
им овозможи влез на паразитите и развој на мувла кои го напаѓаат мицелиумот и со тоа ја намалуваат можноста за натамошен раст на тој вид.

Стари, црвливи и гнили плодни тела не треба да се собираат ниту продаваат бидејќи се лесно расипливи. Недозреани и недоволно развиени плодни тела не треба ниту да се собираат, ниту
да се продаваат. Со нив треба да сме внимателни бидејќи видовите што се јадат многу лесно се мешаат со оние што не се јадат и со отровните видови. Со оставање одреден број плодни тела - не помалку од 20% од вкупното количество кое се наоѓа на едно место, се осигурува нивно натамошно присуство.
Дополнително, не треба да се собира, гази или уништува непознат или отровен вид печурка,
бидејќи со тоа се прекинува нивниот животен циклус, а тие се важна компонента на екосистемот.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!