VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Шест златни медали за вината на Стоби

Еден сребрен и шест златни медали за вината на „Стоби” е резултатот што го постигна оваа винарница на престижниот меѓународен вински натпревар „Мундус вини” кој пред неколку дена се одржа во Германија

Врвниот квалитет и уникатниот, препознатлив вкус беа пресудни за стручното жири на овој натпревар да им додели највисоки признанија на вината „Веритас” од бербите од 2015, 2016 и 2017 година, „Ркацители” и „Стоби Куве” од 2019 година и на „Аксиос” од бербата од 2015 година, додека со сребро се закити виното „Вранец” од бербата од 2018 година. Покрај освоените медали, винарницата „Стоби” доби и признание за најдобар производител од Северна Македонија, со што го заокружи исклучително успешното претставување на годинешното издание на „Мундус вини”.

Постигнатиот успех е голем, бидејќи вината на Стоби освоија престижни награди во конкуренција на повеќе од 7.500 вина од целиот свет и докажаа дека креираните вина по својот квалитет стојат рамо до рамо со најпознатите вински производители, велат одговорните од винарницата Стоби.

„Мундус вини” е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари во светот. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од висококвалификувани судии – енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари кои ја следат светската винска индустрија.

Наградените вина на „Стоби” на годинешното издание на овој натпревар ќе бидат изложени пред стручната јавност и посетителите на еден од најголемите вински саеми во светот, „Провајн” во Дизелдорф, што ќе се одржи следниот месец.


Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!