VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Шапуриќ: Откупната цена на оризот повисока од лани

Откупот се одвива веќе неколку месеци без некои проблеми и дека се очекува да заврши до крајот на месец април

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се силно посветени на унапредувањето на земјоделското производство, изјави директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ за време на посетата на кочанскиот регион, потенцирајќи дека откупната цена на оризот е повисока од минатата година.

Како што соопшти Државниот инспекторат за земјоделство, за време на престојот во Кочанско, Шапуриќ посетил повеќе компании кои вршат откуп на ориз, помеѓу кои и „Левиди Агро“, „Еко Зрно“ и „Даниво“, каде разговарал со менаџментот и вработените во овие компании.

– Притоа, тој се интересираше за текот, динамиката и цените на откупот на оризот и ги посети производните капацитети каде што се врши откупот на оризот. Во разговорите беше констатирано дека откупот се одвива веќе неколку месеци без некои проблеми и дека се очекува да заврши до крајот на месец април. Откупната цена на оризот се движи помеѓу 50 и 52 денари и е повисока од ланската цена, се додава во соопштението.

Шапуриќ нагласил дека улогата на Државниот инспекторат за земјоделство не се состои само од репресивна контролна компонента, туку има и превентивна улога и дека е во постојана комуникација и со производителите на земјоделски производи и со откупувачите и дека субвенциите за оризот во изминатите години се зголемени.

Тој ја посетил и подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство во Кочани, каде со вработените разговарал за соработката со другите надлежни институции за сузбивање на долгогодишна негативна појава на палење на земјоделско земјиште.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!