VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Колумна

Црни бисери

Има нешто во прекршувањето на светлоста и боите на виножитото пресликани на бисерите што ги магепсува луѓето уште од најстарите времиња. Длабоко во топлите и тиркизни води на Француска Полинезија живее вид на школки кои можат да произведат бисери со најнеобична и вчудоневидувачка убавина. Наместо вообичаените бели, крем, или светложолти овие бисери од Тахити се црни или челичносиви!

Школката со латинско име Pinctada margaritifera живее во водите на Француска Полинезија поточно покрај групата острови познати како Туамоту. За Тахити, главниот остров во Полинезија бисерите се најважен извозен производ и втор извор на приход, веднаш по туризмот. Природните бисери настануваат без мешање на луѓетово оваа работа, и се исклучителна реткост. Само еден на 15.000 бисери кои се сретнуваат на пазарот по јувелирниците и излозите за драгоцености е настанат по природен пат!
Најраните природни без оглед дали биле црни или бели бисери, ги изработила природата. Во 16 век кога почнале да влегуваат во мода потрагата по нив често пати била и фатална. Нуркачите без заштитна облека и кислород си ги ризикувале животите во водите кои вријат “ од ајкули за да се спуштат на длабочина од 30 метри каде што живеат бисерните школки. Ним им требало многу среќа: само една од 20.000 вакви школки криела во себе бисер. Но, ова се минати времиња. Бисерите веќе одамна не ги создава раката на природата, туку човечката. Тоа не е едноставно и бара голема вештина и искуство кое се стекнува со години.

Првиот чекор за одгледување е внимателно бирање односно ,,жетва,, на оние школки кои можат да направат бисер. Таквите ,,бебиња,, школки се одгледуваат во специјални подводни кесиња се додека не достигнат одредена зрелост. Јапонскиот стручњак за бисери Кокичи Микимото, прв, пред повеќе од еден век ги открил методите, како и кое страно тело треба да се положи во школката, за да се натера да направи бисер. Неговиот метод на Тахити го донел во 50-тите години од минатиот век, францускиот ветринар Жан Мари Домар. И покрај тоа што црните бисери биле омилени со векови, Домар не успеал да најде пазар за овој убав и скапоцен украс. Црните бисери завладеале со пазарот за накит во раните 70-ти години од дваесетиот век, кога Салвадор Асел сега веќе познат како крал на бисерите од Јужните мориња, му покажал неколку низи од црни бисери на познатиот јувелир од Менхетн - Хари Винстон. Следела офанзивна рекламна кампања, а по црните бисери буквално побудалеле сите славни и богати - единствените кои можеле да ги платат!

Околу Тахити има 570 фарми на бисери. Постојат големи фарми, но има и мали кои се фамилијарен бизнис. Сите ,,фармери,, го применуваат истиот метод на одледување кој речиси не се променил повеќе од 100 години. За да се направи бисер се зема мало делче од месото на школката ,,донатор,, (која ќе угине за време на овој процес), се става во школката примач заедно со мало округло и полирано зрнце, направено од лушпите на еден вид слатководна школка која има многу убава седефна боја. Школката примач се обидува да се одбрани од страното тело во себе. Пресаденото месо од школката донатор прво прави кесе околу топчестото зрнце, па дури тогаш школката во самоодбрана лачи материја која се нарекува ,,нкара“. Тоа е супстанца од која настанува седефот. Во веќе споменатата школка “punctada margaritifera” седефот е црн или челично сив, па затоа ќе се добие и бисер со иста таква боја. Каков ќе биде бисерот многу зависи од вештината на оној кој ја обавува работата. Причините зошто овие бисери се исклучително ретки во природата, но и тешки за огледување по вештачки пат се повеќе: кога пресадувањето ќе заврши, шолката примач се остава малку да се одмори. Во оваа фаза многу од нив ќе угинат а голем број од себе ќе го отфрлат ,,странецот,,. Оние кои ќе прежиеват и ќе го задржат страното тело во себе се спуштаат во специјални железни садови во вода. Овде работата не престанува бидејќи секојдневно треба многу внимателно да се превртуваат со што бисерот ќе го добие саканиот топчест облик. Успехот колку и да е се изведено безпрекорно не е поголем од 30%. Малиот црн бисер со просечен квалитет на пазарот ќе чини околу неколку илјади долари, но неговиот совршен ,,брат,, со пречник со меѓу 16 и 18 милиметри ќе ја достигне цената од десетици илјадарки. Ниската како што е познато се состои од дузина вакви бисери, па во зависност од нејзината големина и број едно кусо ланченце може да чини и стотици илјади долари.

Бисерите кои ги произведуваат школките без никакво учество на човекот во оваа постапка се создадени од природата. Зоологијата тоа го објаснува вака: доколку зрнце од песок или некоја микроскопско животно, често паразит навлезе во нејзината внатрешност, тоа може да доведе до надразнување на мекото ткиво на школката. Таа сакајќи да се одбрани и да ја изолира ,,напаста,, почнува да ја обвиткува со седеф неговата површина. Така се раѓа бисерот најчесто со неправилен топчест или крушкаст облик.
Ова толкување за многу научници е обична заблуда. Тие тврдат дека иако одгледуваните бисери се прават на сличен начин како природните, такво нешто не е возможно. Кај одгледуваните школки, таа со сила се отвора и во неа се внесува парчето месо и зрнцето седеф од слатководната школка. Ова се прави рачно и постапката е многу сложена, значи ова не може да се случи спонтано во природата. Остригата не е дел од желатинозното ткиво кое плута во школката туку е месо прицвтстено за неа и никакво зрнце песок нити пак минијатурно животно не можат туку така да навлезат во неа. Ако ова тврдење е точно тогаш на никој жив не му е јасно како во школката се раѓа природниот бисер. Една од докажаните постапки е дека иницијаторот би можел да биде канцероиден израсток во внатрешните слоеви на школката од која таа се обидува да се одбрани. На крајот тоа резултира со бисер.

Благородна Абрашева Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen