
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Нутриционист
Цреша
Црешите изобилуваат со витамините А, Б и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо.

Црешата (Prunus avium) е листопадно дрвенесто растение од родот Prunus и припаѓа на фамилијата Рosaceae, чии истоимени плодови цреши, се користат во исхраната како овошје. Црешата е всушност месест плод кој има семка и е дел од една голема фамилија.
Слатки и вкусни, полни со хранливи материи и одлични за здравјето на човекот, Црешите изобилуваат со витамините А, Б и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо.

Витаминот Ц, каротеноидите и антоцијаните спаѓаат во групата на антиоксиданси и имаат голема улога во организмот бидејќи спречуваат оштетување на клетките од слободните радикали. Црешите како мошне јак антиокиданс ги забавуваат стареењето, развојот на хроничните болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања, канцерот, Алцхајмеровата болест, дијабетесот и дебелината.
Тие се богати со калиум и тој го одржува балансот на телото кој лесно се променува со внесување на многу солена храна. Црешите помагаат во намалувањето на холестеролот, особено лошиот познат како ЛДЛ-холестерол чие високо ниво се поврзува со срцеви заболувања, а намалувањето помага во намалувањето на срцевите болести.
Црешите содржат бројни фитохемикалии и диетални влакна кои се поврзуваат со намалување на ризикот од колоректален рак. Внесувањето на големо количество диетални влакна помага и при контрола на телесната тежина.
Бузлевски Илија
