VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Цени на земјоделските производи на Кванташки пазар –Скопје

Пазарот на големо и мало што се наоѓа во скопската населба Гази-баба е најголемиот пазар во земјата што нуди не само овошје и зеленчук, туку и многу различни видови прехрамбени производи

Ако досега главно место заземаа оранжериските производи, со доаѓањето на март, сликата почнува да се менува. Првите знаци дека е нешто поинаку, кога зелените пазари почнуваат да замирисуваат на зумбули. Зелената понуда на тезгите низ земјата станува се поразноврсна со појавата на првото младо кромидче, лукче, зелена салата и ротквичките. Кванташкиот пазар во Скопје е место каде што може да се купат свежи и преработени прехрамбени производи, како и свежо домашно и увезено овошје и зеленчук по најниска цена.
Еве како викендов се движеа цените на некои од најбараните земјоделски производи на Кванташкиот пазар во Скопје. Обичната зелка која сега веќе се бара за свежа салата, се продава од 8 до 10 денари за килограм, додека црвената е дупло поскапа и се продава од 20 до 25 денари, исто како и кинеската пакувана зелка.

Увезениот морков може да се купи за 18 денари од килограм, но на тезгите може да се најде и млад квалитетен домашен морков чија цена е од 10 до 15 денари за килограм. Празот достигнува до 200 денари за килограм, а кромидот варира од 23 до 26 денари за кило. Целерот е од 40 до 70, а прокељот не може да се најде под 100 денари. Брокулата се уште држи висока цена и се продава од 70 до 100 денари, исто како и карфиолот. Модриот патлиџан е 130 до 160, а тиквичките 90 до 115 денари за килограм.
Понудата на спанаќ расте па затоа може да се најде од 35 до 40 денари кило, додека пак цената на марулата варира од 5 до 12 денари за парче. Младото кромидче се продава за 8 денари снопче, во кое има четири парчиња, а стариот лук од домашно производство држи цена од 170-200 денари за килограм.

Цвеклото е десетина денари, исто како и компирот -10 до 15 за килограм. Црвените домати се од 60 до 80, а краставиците од 60 до 115 денари за килограм. Гравот од домашно производство е поскап од увезениот и се продава од 100 до 150 денари, а цената на увезениот е 85 денари.
Цената на овошјето е главно непроменета, па така еден килограм јаболка во зависност од квалитетот и сортата се продаваат од 20 до 40 денари. Крушите се околу 80 до 90, а цената на портокалите се движи од 20 до 35 денари. Мандарините се малку поскапи -60, а лимунот од 60 до 70 денари. На Кванташкиот пазар може да се купи и авокадо по цена од 200 до 300 денари, а пакет банани чини 1000 денари.
Пријатен неделен ручек и не заборавајте да побарате и дадете прошка!

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen