VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Франција одобри 140 милиони евра поддршка за дестилација на вино во етанол

По падот на побарувачката за вино поради затворање на рестораните, кафулињата и баровите како и намалениот извоз поради дополнителните царини од страна на САД, Франција одобри поттикнување на винарите за дестилација на виното во алкохол.

Винските задруги од Франција, Италија и Шпанија апелираа до Европската унија да издвои 350 милиони евра за проект за дестилација на 10 милиони хектолитри вино во етанол кој би се користел за производство на хидроалкохолен гел. Со оглед на тоа дека дезинфекциските средства на пазарот се доста барани тие сметаат дека ваквата одлука за дестилација на виното со полош квалитет или оној на кој му истекува рокот на траење, би била добра.
Неодамна беше објавено дека Италијанците имаат големи проблеми поради корона висрусот, а Колдирети, најголемото земјоделско здружение на оваа земја, на Владата и претстави план за претворање на најмалку 3 милиони хектолитри евтино вино во средство за дезинфекција.

Минатиот месец Европската комисија одлучи да ги поддржи мерките за управување со корона кризата, а кои се однесуваат и на винарството, како еден од најпогодените земјоделски сектори од пандемијата.

Франција одобри поддршка во вредност од 140 милиони евра

По падот на побарувачката за вино поради затворање на рестораните, кафулињата и баровите како и помалиот извоз поради дополнителните царини од страна на САД, Франција одобри поттикнување на винарите за дестилација на виното во алкохол.

Како што соопштија на твитер министерот за земјоделство Дидиер Гиљом и минситерот за финансии Бруно Ле Мари, Владата одлучиле да се даде субвенција во износ од 140 милиони евра за дестилација на вино во етанол. Исто така, навеле ослободување при плаќање на социјален придонес за малите и средните фирми.

Барале 3,а владата одобрила средства за 3 милиона хектолитри

Сепак, овие мерки не ги задоволиле барањата на синдикатите. Францускиот национален сојуз на синдикатот на земјоделци (FNSEA) очекувал повеќе. Минатата недела побарале вкупно 500 милиони евра за помош на производителите на вино, вклучително и 260 милиони евра за кризна дестилација, со што би се опфатиле околу 3 милиони хектолитри вино.

– ” Објавен е вински план за соочување со вирусот кое опфаќа 100 процентно ослободување од плаќање на социјален надомест и средства за дестилација на 2 милиона хектолитра, што во просек е 70 евра по хектолитар, а ние баравме 3 милиони хектолитри по 80 евра за хектолитар “, напишал во понеделникот секретарот на FNSEA Џером Деспи на твитер.

Тоа значи дека Владата има во план да дестилира само два а не три милиони хектолитри како што барале од FNSEA .

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!