
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Финансиска поддршка и за земјоделските задруги
Сите земјоделски задруги кои ги исполнуваат условите може да конкурираат за добивање на финансиски средства во проектот на ЕУ-„Поддршка за развој на земјоделски задруги“ за 2020 година

Развојот на земјоделските задруги ќе се финансира со нов проект, со чија помош ќе се овозможи развој кај овие деловни субјекти. Право на учество имаат земјоделски задруги кои се регистрирани во надлежните регистри на земјоделски задруги во периодот од 30.6.2018 г. до крајниот рок на овој повик и кои се во согласност со останатите критериуми на овој повик.
Инструкциите и обрасците за аплицирање можат да се подигнат во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје.

Инструкциите и обрасците за аплицирање се достапни и во електронска форма на следнава веб-страница www.zadrugi.mk.
Рокот за пристигнување на пријавите е 31.3.2020 г. до 16.00 часот.
Заинтересираните земјоделски задруги за учество во повикот (апликанти) треба да поднесат пополнети и потпишани пријави во оригинал. Пријавите треба да пристигнат во наведениот рок на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 1/ЗАМ/2020“.
Апликантите се единствено одговорни за подготовката и поднесувањето на апликациите и регистрирањето на земјоделската задруга. Заинтересираните апликанти можат да побараат и техничка поддршка за подготовка на деловен (бизнис) план и за регистрација на земјоделска задруга. Барањето за техничка поддршка треба да се поднесе најдоцна до 10.3.2020 година на следнава адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а, 1060 Скопје.
Оваа постапка за избор се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.
Б.А.Н.
