VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

ФАО: Можен недостиг на храна поради коронавирусот

Специјализираната агенција на Обединетите нации за храна и земјоделство (FAO) предупреди на потенцијален недостиг на храна во светот,

Некои земји, во рамките на борбата против пандемијата на вирусот Ковид -19, воведоа заштитни мерки, вклучувајќи забрана за извоз на одредени производи за да го задоволат растот на домашната побарувачка.
„Најлошо што може да се случи е владата на некоја земја да го ограничи протокот на храна“ изјавил за The Guardian, Максимо Тореро, главен економист во ФАО, додавајќи дека наскоро можеби ќе се соочиме со последици од таквиот потег.
На приемр, Русија го запре извозот на хељда и други житни култури на десет дена, а Казахстан го следеше рускиот пример и воведе ограничување на извозот на пченично брашно, хељда, шеќер, неколку видови на зеленчук и маслиново масло, пренесуваат руските медиуми.

Се создава „екстремна нестабилност”

Претставникот на ОН предупредува дека заштитните мерки и трговските бариери само ја влошуваат ситуацијата, создавајќи „екстремна нестабилност”.
Другиот проблем е тој што на некои земји им недостига работна сила за жетвата на посевите, делумно поради затворање на границите и мерките на изолација и ограничено движење.
Бидејќи корона вирусот коси низ Европа, земјоделците во Франција, Шпанија и Италија укажуваат на проблем дека овошјето и зеленчукот побрзо ќе созреат и ќе останат да скапуваат на нивите ако ситуацијата не се промени, пренесува Блумберг.
Одгледувачите на јагоди, веќе се соочени со тој проблем а слична ситуација можеби ќе ги снајде и производителите на зелена салата, домати, кромид и грашок.
„Корона вирусот влијае и на работната сила и логистичките проблеми почнуваата стануваат се поважно прашање “ изјавил Тореро.
Исто така тој додава дека треба да се воведат посебни мерки за да се одржува синџирот за снабдување со храна.

Повик да не се фрла храната

Германија на која и недостигаат околу 300.000 работници, отвори специјална веб страница која на едно место ќе ги собере земјоделците кои имаат проблеми и оние кои можат да им помогнат.
Студентите и оние кои се приморани да не работат поради затворање на фирмите на пример во секторот услуги, се добредојдени да се придружат на оваа иницијатива.
Обичните граѓани, самите допринесуваат на зголемен недостиг на прехрамбени продукти така што создаваат залихи на храна во количини кои не можат да се изедат пред да им истече рокот на траење. Паничното купување само ја продлабочува кризата, заклучи Организацијата за храна и земјоделство на ОН, порачувајќи им на луѓето да го избегнуваат фрлањето на храна.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!