VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Утврдување на зрелоста на дињата и лубеницата

Утврдувањето на зрелоста на овошјето на лубеницата е доста тешко, бидејќи не постојат толку очигледни знаци како кај дињите. Лубеницата е зрела кога најблискиот завој околу плодот ке овене, а делот кој лежи на земјата пожолти.

Оптимална зрелост на повеќето сорти на лубеница се јавува 45 до 50 дена после цветањето, а кај дињите 30-40 дена. Кај двата вида, важно е што подолго да се одржува здрава лисната маса. Исто така, околу две недели пред планираниот почеток на жетвата, треба да се престане со наводнување, со цел да се зголеми содржината на шеќер во овошјето.

Дињата складира шеќер во плодот, се додека и се здрави листовите. Најквалитетни се плодовите кои што потполно созреваат на гранката (лозата). Затоа, бербата обично се прави два пати неделно, кога плодовите ќе добијат карактеристична боја и арома за одредена сорта и тип на диња. Во случај на подолг транспорт, бербата се прави нешто порано, бидејќи дињата слабо го поднесува транспортот и може да се случи во транспортот плодот да пукне.

Оптимален момент за берба е кога плодовите се цврсти или кога достигнале 3/4 од полна зрелост, односно кога плодовите при мал притисок лесно се одвојуваат од стеблото. Целосно зрелите, мрежести и ребрасти дињи се одделуваат од стеблото оставајќи мала, вдлабната лузна на плодот. Зимската диња не се одделува од стеблото. За да се оцени зрелоста на плодот, можат да послужат овие знаци:

– листови на стеблото каде стои плодот, се полузатворени,

– плодот има карактеристична боја и се чувствува мирис,

– стеблото е малку овенато, а плодот се стреми да се оддели,

– врвот на плодот на местото каде што бил цветот е малку помек од остатанатиот дел

Најдобриот знак за зрелост е кога околу стеблото се забележува прстен од ткиво, слично на плута. Знакови кои ја покажуваат зрелоста кај зимските дињи се:

– Посветла боја, особено на делот што ја допира земјата,

– малку помека кора на врвот на овошјето при притискање со прст.


Утврдувањето на зрелоста на овошјето на лубеницата е доста тешко, бидејќи не постојат толку очигледни знаци како кај дињите. Лубеницата е зрела кога најблискиот завој околу плодот ке овене, а делот кој лежи на земјата пожолти. Ако завојот е сув, плодот е презреан. Искусните производители, зрелоста на лубеницата ја одредуваат на основа на звукот што произлегува со чукање со прстите. Кај зрелите плодови, звукот треба да биде тап, но не премногу длабок. Длабокиот звук е знак дека овошјето е презреано, шупливо, лесно расипливо и практично неупотребливо. Бербата е повеќекратна, а фреквенцијата зависи од температурата. Технолошката зрелост на овошјето може да се провери на просечен примерок со мерење на сувата материја со рефрактометар. Плацентата (месо од овошјето) се зема од средината на плодот.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!