VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Укината забраната за движење во жума и жумско земјиште

Заклучно од денес, а на барање на ЈП „Национални шуми“ е отповикана забраната за движење во шума, донесена на 16 април

Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено. Ова е објаснувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради кое одлучи да ја укине забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, една недела откако беше воведена.
Како што информираат од министерството, забраната се укинува по барање на ЈП „Национални шуми“, а стапува на сила од денес (петок, 24 април). Сепак, истакнуваат дека и понатаму ќе ја следат состојбата со шумите и движењето на граѓаните, па доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

„Ги потсетуваме сите граѓани на Република Северна Македонија дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор. Ги повикуваме сите граѓани одговорно да се однесуваат додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина“, стои во соопштението од министерството.

Претходно, преку онлајн петиција и отворено писмо, група организации и поединци побараа да се укине забраната, за која сметаа дека е донесена без соодветна анализа и консултација со граѓаните. Според нив, забраната бесправно ги спречува на рекреативно движење, иако како што посочуваа, тоа е во согласност со мерките на Владата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.



Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!