
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Топла зима - проблем во овошарниците
Надпросечните зимски температури може да предизвикаат инфекции кај овошните насади. Сега е време за заштита

Поради несекојдневно топлата зима овошните дрвја во зависност од локацијата, во моментов се наоѓаат од фаза на бубрење до фаза на пукање на пупките. Основата на соодветната заштита се темели на примена на превентивни мерки со кои се намалува презимувачкиот инфективен потенцијал на штетните организми. За очекување е оваа година да ги има повеќе, со оглед дека вегетацијата веќе стартуваше. Стручњаците објаснуваат дека предизвикувачите на растителни болести како и штетните инсекти презимуваат во крошните на овошките во пукнатините на кората и околу пупките.

Затоа, во овој период е најважно превентивно да се спречи штетата кај сите видови овошни дрвја, како што се пегавост и шуплини на листовите, појава на набори на листовите и монолиза. Исто така, овоштарниците треба да се заштитат и од фитопатогени бактерии кои предизвикуваат пламеница, но и појава на рак-рана која ги сушши гранките на овошките со оревести плодови.
Овоштарите знаат дека темелот на заштитата од билните и штитестите вошки е примената на препарати на база на минерални средства, со што ќе се намали инфекцискиот потенцијал на штетниците.
За оваа намена се препорачуваат препарати на база на бакарен оксихлорид, затоа што фунгицидите и бактероцидите овозможуваат долготрајно делување и заштита на дрвјата. Одлични се и минералните масла кои продираат длабоко во растенијата, со што делувањето против штетниците е со продолжено дејство.
Ова значи дека препаратите на база на бакар и минерални масла треба да се аплицираат на мирно, стабилно и суво време. Многу е важно дрвјата добро да се „избањаат“ за препаратот да стигне до сите делови од растението. Доколку по изведеното прскање следи период на врнежи, третманот мора да се повтори, за заштитата да биде делотворна.
Б.А.Н.
