VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Технологија на одгледување на млад компир

Компирот е култура со големо значење за човековата исхрана. За таа цел фармерите се заинтересирани да ја одгледуваат, бидејќи е високо доходовна култура со која за краток временски период се остваруваат приноси кои се многу рентабилни.

Најдобри приноси од компирот се добиваат кога средните месечни температури на воздухот не ја поминуваат границата од 190С, што значи дека температурните услови се многу важен фактор за одгледување на компирот. Во некои региони температурата негативно влијае врз развитокот на компирот ако таа се движи околу 0 и -1 степени Целзиусови. Во таквите услови на одгледување компирот е осетлив (листот се спржува) на пролетните мразеви, а подоцна компирот има способност да ги обнови, но приносот значително ќе биде намален.

За одгледување на компирот пожелно е да се користат лесно растресити почви кои се богати со хумус и се со слаба кисела реакција односно рН од 5-6 %.

За добивање на рано производство на компир потребно е да се изберат сорти на компир со покуса вегетација од 55 до 65 дена. При изборот на сортата пожелно е фармерот да се консултира со стручно лице бидејќи на пазарот се нудат разни сорти по квалитет и вегетација на зреење. Изборот на сортата е еден од важните фактори за остварување на висок принос. За да се остварат високи приноси од раните сорти на компир, фармерите треба да применуваат соодветна модерна технологија и норми на ѓубрива и наводнување.

Количествата и начинот на ѓубрење на компирот се базира врз основа на претходно извршена почвена анализа. Како важна агротехничка мерка количествата на ѓубре имаат за цел да обезбедат доволно хранливи материи за остварување високи приноси. Компирот има големи потреби од хранливи материи и се вбројува во културите што бараат поголеми количества на минерални ѓубрива. Со употребата на овие ѓубрива важно е да се води сметка на потребните норми на употреба на ѓубривата по единица површина. Одгледувањето на компирот и остварениот принос ќе зависи од тоа дали се одгледува на отворено поле или во пластеници.

Потребно е да се знае дека раните сорти со краток вегетациски период имаат поголема потреба од азот.

Исто така, при исхраната на компирот треба да се обрне внимание на елементите калциум (Са) и магнезиум (Мg) кои играат главна улога во остварувањето високи приноси. Ѓубривата се применуваат на три начини: со заорување, пред сеидба со прихранување и прихранување со наводнување капка по капка. Количествата на комплексните ѓубрива се движат од 800 до 1.000 kg по ha. Раниот компир бара ѓубрива во одделни елементи кои се лесно растворливи во зависност од типот на земјиштето.

Најоптимален рок за садење на рано производство на компирот е кога температурата на почвата изнесува 7-8 степени Целзиусови. Во такви временски услови компирот може да се одгледува во пластеници. Во подрачјето со такви климатски услови садењето на компирот во пластеници може да започне во првата декада на февруари. Во пластениците, компирот може двојно да се заштити со употреба на втора фолија или АГРИЛ, која со голем успех го заштитува раното производство на компир без ризици од измрзнување. Во врска со густината на садењето на компирот во пластеници се препорачува густина (60 х 30 = 55.000 растенија или 65 х 30 = 51.000 растение по hа).

Во однос на времето и количествата вода, за остварувањето висок принос од компирот, исто така, е важен фактор. Првото наводнување на компирот се применува пред бутонизацијата и пред цветањето на компирот, а во услови на одгледување на компирот во пластеници наводнувањето започнува порано. Количеството вода за едно налевање на раниот компир по m2 ќе зависи од типот на почвата и се движи од 30 до 100 mm. По секое наводнување пожелно е, по потреба, прскање против болести и штетници. Во услови кога има врнежи, некои фармери сметаат дека не треба да се наводнува, но во практиката е докажано дека по определен временски период е потребно минимално наводнување во помали количества, но почесто. Кај компирот позначајни заболувања се: пламеницата, црната дамкавост и прашната краставост, а инсекти што најчесто го напаѓаат компирот се: компировата златица, лисната вошка и совица.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen