VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Свет

Теф - житна култура без глутен

На светско ниво во науката постоитенденција на посветување внимание и воведување на нови видови жита и други култури кои дават сличен производ, а на кои до пред одредено време не им се придавало поголемо значење.Причината за ова е се поизразеното влијание на климатските промени кои негативно се одразуваат врз приносите на постоечките култури за ова цел, скромноста кон условите на одгледување и без глутенски состав кон кој одредени категории луѓе имаат се поизразена потреба.

Едно од тие растенија е ТЕФОТ-Еragrostis tef, кој им припаѓа на житните и е типична етиопско-еритрејска житарка, наречувана уште и абесиниска трева. Истата пробудила и пробудува интерес кон нејзино ширење во другите подрачја на светот меѓу кои едно од нив би требало да бидеме и ние.
Интересот за ова жито произлегува од неговите квалитативни биолошки особености меѓу кои се: голема прилагодливост кон условите на одгледување, извонредно голема способност на братење, голема истеснувачка моќ кон плевелите, богата и достапна содржина на хранливи состојки и др.Сето ова се должи на неговата голема фенотипска и генетска разновидност
која во текот на разните етапи на развој во текот вегетацијата му овозможува да пројавува разновидни фенолошки, физиолошки и морфолошки одлики и способности кои му овозможуваат голема приспособливост кон условите на живеење (од суви до превлажнети) и универзалност во користењето.
Ова растение е едногодишно самоплодно и каснопролетно жито кое надворешно личи на обичната пченица. Расне во висина од 75-100 см, силно братими и формира соцветие метла со должина до 10 см во која се сместени ситни зрна слични на пченицата, но скоро 100 пати помали од истите.
Ова ги прави многу лесно расевливи.Зрната се со тенка обвивка која тешко се одвојува од зрното и како таква влегува во составот на брашното. Можат да бидат со бела, црвена и
кафеава боја. Вкусот на брашното е сладкаст и сличен на оревот и не содржи глутен. Освен за зрно разновидноста на генотипови од овој вид дава можност да се одгледува и како фуражна култура, како за сено, така и за испаша. Дава голема продукција за кратко време (3-4 откоси) со 5-12 т./ха. сено без чуствителни разлики во квалитетот на содржината во сите односи. Ова му придава значајна предност во однос на другите фуражни треви.

Овие особини на растението допринеле да биде прогласено на еден од симпозиумите од оваа област одржани во САД како многу перспективна култура во тој дел. Ова се должи пред се на следново:
1. Висококвалитетна и мека стеблена и лисна маса
со поприфатлива консумираност од страна на стоката во однос на други треви
2. Брз пораст при оптимални температури и влажност(45-55 дена) 3. Висока доходовност-еден откос може да е од 1,5-2,5 т. од ха. сено со можност до 4 откоса во тек на вегетација и задржано исто ниво на квалитет
4. Широк временски период на засејување во текот на вегетацијата (како прва,втора култура) и задржана продуктивност преку најжешкиот дел од годината што овозможува можност за снабдување со саканата количина на сено или испаша
5. Отпорност на суша- издржува подолг сушен период без одраз на квалитетот и количината
6. Голема прилагодливост кон условите на одгледување (од суви до превлажни)
7. Отсуство на штетни материи (нитрати,цијаниди) во составот без оглед на технологијата и условите на одгледување 8. Универзалност-можност да се користи како зрно, сено, силажа, испаша.

Растението е топлољубиво и не поднесува мразеви, па распонот на почвени температури во кои оптимално се развива се движат од 12-25 Цº. Ниските температури му го забавуваат растот и намалуваат конкуретно-способноста. За да настапи фазата на цветаање потребно е најмалку 12-сет часа дневна светлина.Колку е подолга дневна осветленост толку повеќему
е поинтензивен порастот. Физиолошки им припаѓа на растенијата со C- 4 тип на фотосинтеза како еден од факторите кој му ги овозможува наведените квалитативни особини. Во смесен посев со луцерка и тимотејка дава зголемени количини на приноси преку лето.
Во 100 кг сено се содржат 42 крмни единици и 5 кг сварливи протеини. Резултати од истражувања зборуваат за 0,5 кг дневен принос жива мера кај товни говеда хранети со сено од
ова растение. Практиката покажува добиени приносии до 5 тона/ха зрно. Може да биде одгледуван и како монокултура, а во плодоред потоа да биде пред и по сите култури како и во смески со луцека и други многугодишни фуражи.
Поради брзиот развој и доброразвиената коренов систем може да служи за зелено ѓубрење и како посев за противерозивна заштита. Посевот на ова растение треба да биде на добро подготвена почва очистена од плевели и добро набиена за да може семето да се внесе точно на потребната длабочина бидејки ако е почвата ровкава и истото се најде подлабоко од потребните 0,3-0,6 см ркулците не ќе може да излезат и посевот ќе пропадне. За сеидба се употребуваат сеалки за ситно семе,а по сеидбата е задолжително валирање на почвата.

Количината на семе потребна за засејување на 1 ха се движи од 5-10 кг во зависност дали
се сака пореток или погуст склоп. Се сее на меѓуредово растојание исто како и кај другите жита. Потребите на ова растение од хранливи елементи при интензивни услови на одгледување се движат од 30-50 кг/ха чист азот по секое косење. Исто така потребно е внесување нафосфор калиум и сулфур. На ова растение доколку условите во почетокот на развој се добри понатаму не му е потребна заштита од плевели, но ако не е, така и дојде до заплевелување контролата на широколисните плевели се врши со 2,4 D,MCPA, и други препарати регистрирани за употреба во житни култури. Во земјите од каде потекнува ова жито
е напаѓано од болести и штетници карактеристични за сите житни култури, додека во САД се соопштува дека одгледувачите немат проблеми во тој поглед. Потребите од влага за ова растение се движат од 430-600 мм воден талог годишно. Во првите фази на развој има поголеми потреби од вода,а во подоцнежните фази може да издржи суша и до 75 дена.

Сепак се укажува дека за приносни од 2,5 -5 тона одкос сено /ха потребно е 50-70 мм/месечно воден талог. Прибирањето на ова култура за сено се извршува во фаза на почеток на бутонизација а на 45- 50 дена од сеидбата, а другите откоси во интервал од околу 30 дена. За испаша може да се користи откако потполно ќе формира коренова маса (2-3 недели) по сеидбата. Приносите на зрно просечно се движат околу 900 кг/ха. Но има сорти во САД фармерите постигаат 1500 до 5000 кг/ха во зависност дали површините се наводнуваат или не. Цените на светско ниво на зрното од ова култура се на завидно ниво.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen