
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Температурни шокови и штети кај земјоделските култури!
Температури во овој период ќе допринесат за одредени штети кај овошките особено кајсијата кај која имаше забележано и заметнување на плод, фено-фаза кога е најосетлива, при што и минимална температура од -0,6 или -1 Целзиусови степени, може да предизвикаат измрзнување

Врнежите од дожд и првото разведрување во вторникот допринесе за драстичен пад на минималните утрински температури при што во целата Република беше забележан мраз со различен интензитет и времетраење.
Ваквите температури во овој период ќе допринесат за одредени штети кај овошките особено кајсијата кај која имаше забележано и заметнување на плод, фено-фаза кога е нај осетлива, при што и минимална температура од -0,6 или -1 оС може да предизвикаат измрзнување.

Штетите од овој бран ќе бидат видливи деновиве, но сепак очекуваме барем засега само проредување на родот, а не целосно уништување.
Новата промена на времето во текот на оваа седмица со ново разладување на атмосферата и врнежи од снег на повеќе места повторно ќе допринесе за нови ,,температурни шокови,, кај културите кои дополнително може да предизвикаат штети.
Дневните температури очекуваме да се намалат за 8 до 10 Целзиусови степени, додека утринските да бидат негативни или блиску до 0 степени.
Мерките за евентуална заштита од мраз остануваат и во наредната седмица и секаде каде за тоа имаат можност земјоделците, треба да ги применат.
Инаку, времето денес ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Дневната температура ќе биде многу пониска во однос на претходните денови. Локални врнежи од снег ќе има и утре. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка од над 20 сантиметри. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 сантиметри, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има долж повардарието каде ќе биде и најветровито. Од среда попладне следува благо затоплување. До крајот на работната седмица ќе се задржи облачно време, со врнежи од дожд.
Б.А.Н.
