Органско

Талогот од кафе ги храни билките и штити од штетници!

Искористете го талогот од кафе ако сакате да го поттикнете цутењето на цвеќињата и овошјето или да ја избегнете штетата која ја прават полжавите.

Не се само луѓето тие кои го сакаат ароматичниот вкус на кафето. Талогот на ралични начини позитивно делува на некои растенија, а може да се користи и како алтернативно ѓубриво затоа што содржи калиум, азот, магнезиум и фосфор.
Многу градинари талогот од кафе го сметаат за сигурен, делотворен и природен начин на поттикнување на растот и развојот на билките, без употреба на хемикалии и пестициди. Затоа кога пиете кафе не го одмивајте талогот, туку соберете го и искористете го не само во градината туку и за собните украсни ратенија.
Талогот може да се искористи и како малч, затоа што ја спречува појавата на штетници и плевели.Најдобро делува во комбинација со груб малч. Кафето го забрзува растот на морковот и ротквицата. Талогот ги прихранува, а мирисот ги одбива штетниците кои често ги напаѓаат растенијата во текот на растот и развојот.

Кафето има голем процент на азот, па може да влијае и на киселоста на земјиштето, а со тоа да го поттикне и цветањето на розите. Талогот може да се измеша со компост и потоа да се нанесе околу розите, или може да се исуши и самостојно да се нанесе на површината на земјата. Во секој случај , препорачливо е умерено користење на талогот од кафе, затоа што прекумерните количини може да ја снижат „пе –ха“ вредноста на тлото, а со тоа да ја зголемат киселоста на почвата.
Користењето на ова ѓубриво кај хортензиите може да им даде на цветовите силна нијанса на сина боја. Киселата почва ја менува нијансата на цветовите. Истовремено режаното цвеќе ќе остане свежо многу подолго време, доколку во водата се стави и талог од кафе. Покрај хортензиите и розите одлично делува и на рододендронот, цикламата, гладиолите и сите видови лијани.

Црвите се корисни за зголемување на плодноста на почвата, но не и билните вошки и полжавите. Ако полжави и мравки ги напаѓаат вашите растенија користете го талогот како заштита. Нанесете го околу растението и штетниците нема да може да дојдат до него. Кафето е добра заштита и од заболувањата како Fusariuma, Pythiuma i Sclerotinijа.
На културите кои сакаат да растат на кисело тло, исто така може да се додаде кафе. Такви растенија се боровницата, рибизлата, јагодите, рибизлата, капините, брусницата...
Уште еден совет за идеално искористување на овој вид природно ѓубре е дека доколку кафето го мешате со вештачки засладувачи или млеко, не е препорачливо за користење. Ништо од погоре реченото нема да биде делотворно!

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC