VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Сушење на Кајсија

Во Македонија производството на кајсија не ја задоволува потребата на пазарот и затоа е потребно да се зголеми производството од кајсија.

Кајсијата е десертно овошје и има широка примена како за свежи така и за преработени плодови. Во преработка од кајсии се добиваат џемови, мармалади, сок, компот и во некои региони се користи и за производство на ракија.
Сушена кајсија е производ кој во последната деценија доживува експлозија и се повеќе се зголемува нејзината побарувачка на пазарите ширум светот. Освен плодовите и семката од кајсија е интересна за користење. Особено семките со сладок вкус бидејќи се богати со белковини, шеќери и минерални материи. Се користат како замена за горчливи бадеми.
Под производство на сушена кајсија се подразбира сушење на високо квалитетни плодови. Квалитетот во прв ред зависи од самата сорта но и технологијата на сушење. Сортите наменети за сушење мора да задоволат одредени критериуми, а тоа се: широка примена во преработка, плодови со изедначена големина со цврста конзистенција во фаза на технолошка зрелост. За сушење се пожелни сортите кајсија со поголема количина на сува материја, поволен сооднос на шеќери и киселини, нагласена арома и еднаква жолта боја на плодот.
Најдобар ефект на сушење се постигнува со комбинација на технологија со осмотско сушење, раствор на сахароза и класично конвективно сушење. Со овој процес нема значителни промени на вкусот и аромата на кајсијата.
Плодовите за сушење се берат во полна технолошка зрелост. Плодовите мора да бидат зрели, здрави и со еднаков квалитет. Надворешниот изглед мора да ги задоволи следниве критериуми: свежи, сочни, цели, чисти, без механички повреди, видливи знаци на оштетување и др.

До технолошки процес на преработка кајсијата треба да се складира во ладилници или на ладни суви места.
Потопување во раствор од сахароза се одвива од 70-85% сахароза при што е потребно веднаш да се потопат чистите плодови ви растворот. Сушењето најчесто се одвива со осмотска дехидрација. Суштината на овој процес е миграцијата на молекулите на влага во течна фаза од плодовите кои се потопени во раствор од сахароза, ова се случува поради разликата во концентарацијата на молекулите на водата во плодовите и во растворот. Процесот се прекинува кога ќе се добие изедначена концентрација.
После овој процес останува доста влага со која плодовите не можат да се чуваат многу време и затоа е потребно да се исушат со конвективен процес. Температурата на сушење се движи во интервал од 45-55 степени. Овој процес трае од 18-24ч.
Сушена кајсија е многу познат и ценет производ на пазарот. Квалитетот на сувите кајсии мора да ги задоволи сите критериуми на пазарот со одбирање на правилна технологија на сушење и начин на преработка и пакување.

Сушење кајсии на сонце

Ова е стара проверена метода каде цврстите плодови најпрво се мијат и се сечат на половини со нерѓосувачки нож, потоа истите се редат на дрвена даска и се оставаат на сонце се додека не се исушат. Исушените плодови се ставаат во целофан или други кеси за да се заштитат од влијанието на инсектите. Со оглед на тоа што со оваа метода кајсиите не се сулфулираат во текот на сушењето, тие ќе ја загубат својата боја и истите ќе потемнат но ќе го задржат својот оргинален вкус.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!