
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Македонија
Сточарското производство во надолна линија
Државниот завод за статистика , за минатата година пресметал намален број на говеда, овци, кози, свињи и живина, во споредба со 2018-та.

Намалување е евидентирано и во производството на млеко (кравјо, овчо и козјо). Зголемување има само кај месото.
-Во 2019 година во споредба со 2018-та, вкупниот број на говеда е намален за 15 отсто. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 15,1, додека кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за 10,4 проценти. Бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 59,5 отсто, додека кај индивидуалните стопанства за 14,6. Намалување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4,9 отсто, а кај деловните субјекти за 42,6.

Бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 25,1 отсто, а кај деловните субјекти за 44,2. Бројот на живината во 2019 година во споредба со претходната година, е намален за 14,6 проценти, соопшти ДЗС.
Според ДЗС, производството на кравјо млеко во 2019 година изнесува 390.903.000 литри што е за 3,3 отсто помалку во однос на 2018 година.
Намалување на производството во 2019 година е забележано и кај овчото млеко за 4 проценти, како и кај козјото за 26,2. Вкупното производство на месо, пак, е зголемено за 0,4 отсто.
Производството на свинско месо е зголемено за 3,5 отсто, додека производството на другите видови месо во однос на претходната година е намалено. Од другите добиточни производи, забележано е намалено производство на јајца и на волна, наведува Државниот завод за статистика.
Б.А.Н.
