VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Сточарите од Дебар и Жупа се загрижени за извозот на јагнињата

Сточарите од Дебар, и Центар Жупа, општини каде е прогласена кризна состојба поради заразени со коронавирусот

Се загрижени што ќе се случи со извозот на јагнињата ги плаши целата ситуација околу ширење на заразата, рестрикции и затворање на граници, а македонското јагне најчесто се извезува за Италија, земја која е најпогодена од вирусот. По Италија, Хрватска и Грција важеа за земји кои го бараат македонското јагне.

Скендер Аме од Здружението на сточари Даши од Дебар вели дека во двете општини имаат околу 30.000 јагниња, од кои 20.000 треба да се продадат.

„Цела зима сточарите даваат, сега треба да земаат пари од она што го сработеле, да купуваат репроматеријали. Не знаеме што ќе се случува. За недела дека би требало да се случи шпицот со извозот на јагниња, а истиот треба да заврши за 20 дена“, вели Аме.

Додава дека дел од сточарите во регионот на Дебар и Центар Жупа се при крај со резервите на храна за добитокот, или пак овчарите им заминале, а по затворање на границите не можеле да се вратат назад.

Во Дебарско има околу 120 сточари, кои имаат 40.000 грла овци.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја следи состојбата со појавата на вирусот КОВИД 19 во нашата земја и влијанието врз земјоделството.

„Во тој контекст, знаеме дека за околу 10-тина дена е шпицот за извозот на македонското јагне на странските пазари и дека Италија е еден од клучните наши увозници на јагне. Со оглед на случувањата во Италија со вирусоткорона, доколку не може во оваа земја да се направи извоз, веќе разговараме и сме во комуникација со компаниите за барање на алтернативни пазари за извоз на македонското јагне. Нашата намера како ресорно министерство е јагнето да биде извезено, и ќе ги направиме сите обиди доколку не може во Италија нашето јагне да се извезе во други земји. Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Но, со оглед на тоа дека не можеме да предвидиме што ќе се случува со ширењето на вирусот корона, какви мерки ќе преземаат останатите држави, доколку се случи да не се реализира целосно извозот, МЗШВ со соодветни мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто секако ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне. МЗШВ апелира до сите земјоделци, да ја имаат во предвид моменталната состојба со ширењето на вирусот КОВИД 19 во нашата држава и последиците што би можело да ги има земјоделството“, одговараат од МЗШВ.

Велат дека ќе бидат во постојана комуникација со сите земјоделци и стопанственици од агросекторот, со цел навреме да се носат мерки и да не трпат загуби.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen