VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Сточарите имаат нови финансии на располагање

Сите сточари кои во период од 1 октоври до 31 декември лани набавиле пчелини матици од одобрени одгледувалишта и педигрирани чистокрвни хибридни свињи ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој.

Како што соопшти Агенцијаta за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.
За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за кофинансирање се зголемува во случаите кога се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55 проценти, за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60 проценти, за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65 проценти, а за инвестиции во недостапни рурални заедници 75 проценти.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Исто така Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, информира дека е продолжен рокот за аплицирање за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, финансирана од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 11-ти февруари, сите заинтересирани земјоделци апликациите ќе може да ги доставуваат до 26-ти февруари. Ова е направено по барање на заинтересираните странки.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!