VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Стоп за Африканската чума кај свињите во југо-источниот дел на Европа

Засегнатиот регион го сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Европската агенција за безбедност на храна започна со спроведување кампања за подигнување на свеста и поддршка при спречувањето на ширењето на Африканската чума кај свињите во југо-источна Европа.
Со оваа кампања се опфатени земјите кои во 2019 година ЕФСА ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна Африканската чума кај свињите. “Засегнатиот регион” го сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Со оваа капмања ќе се даде поддршка на напорите на Европската комисија и другите меѓународни организации во насока на искоренување на оваа болест во Европа.

Што е Африканска чума кај свињите?

Африканската чума кај свињите (АЧС) е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи. Вирусот е безопасен за луѓето, но во многу земји има предизвикано значителни економски загуби. Во овој момент не постојат вакцини против АЧС и поради тоа појавата на жариште би резултирала со убивање и нештетно отстранување на голем број фармски одгледувани свињи во засегнатиот регион.


Цели и за кого е наменета кампањата

Целта на кампањата е да се подигне свеста и продлабочи знаењето во врска со Африканската чума кај свињите во сите девет земји. Кампањата е наменета за индивидуалци и групи кои доаѓаат во контакт со домашни и диви свињи како што се фармерите и ловците. Во исто време, Европската агенција за безбедност на храна ќе воспостави комуникација со ветеринарните организации, ловните друштва, федерациите на фармери, царинските службеници, граничната полиција, претставниците на локалната самоуправа, туристичките оператори и патниците.

Детекција, Спречување, Пријавување

Земајќи го во предвид фактот дека појавата на жаришта на Африканска чума кај свињите може да има катастрофални последици, од клучна важност е откривањето, спречувањето и пријавувањето со цел искоренување на болеста.


За целите на оваа кампања, Европската агенција за безбедност на храна изработи интернет страна на која ќе се споделуваат информации, инфографици, текстови за споделување на социјалните медиуми итн.

Сите потребни информации за кампањата може да се прочитаат на следната интернет страна: www.efsa.europa.eu/StopASF

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC