VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Специјалитети од багрем!

На разбудената и раскошна природа треба да и се радуваме и да ја почитуваме. Ова е годишно време кога заедно со растенијата се разгоруваат и страстите, насмевките, чувствата, мирисите, а фантазијата треба да ни покаже и нов начин на исхрана, по тешките зимски оброци. Коприви, штавел, листови од глуварче... багрем! Кралското дрво како што уште се нарекува багремот, со својата специфична арома и мирис ќе ги израдува не само сладокусците туку и сите оние желни за нови вкусни и деликатни рецепти. Сезоната на бел багрем е започната и се додека е ова чудесно и ароматично дрво цвета, може да се најде и на вашето мени

Багремот потекнува од Канада. Познат е и по имињата акација, багра, багрен, бел багрем, бело дрво, господов трн, карчичек, хација. Латинско име му е Robinia pseudoacacia. Белите миризливи цветови кои растат во гроздови лачат нектар кој е вкусен и свеж, добро познат во народната медицина на многу народи. Кај нас се користи на многу начини и тоа цветовите и листот. Багремовата кора е отровна, поради што не треба да се користи на било кој начин. Отровноста потекнува од токсалбумин робинот.

Цветот се употребува во облик на чај (5 грами на 100 милилитри вода) за полесно искашлување и против воспаление. Чајот од лист предизвикува излачување на жолчката.
Но, гроздовите од бели цветови освен за лек, може да бидат и вкусна храна. Од нив се подготвува сок, чај, се додаваат свежи во салата, а цветот може и да се похува. Содржи многу витамин Ц,, етерични масла, смоли, флавонски гликозид и акацин.
Ако досега знаевте само за багремов мед, време е за неколку вкусни рецепти кои ќе ви го разубават пролетното мени.

Сок од багрем:

Иако од багремот може да се направи сируп на истиот начин како што се прави и од бозел, пробајте да подготвите свеж сок во кој остануваат сочувани сите хранливи и лековити својства на оваа билка.Цветовите од багрем се берат додека се уште се отвораат, бидејќи тогаш се најбогати со здрави состојки.Набраните гроздови редете ги во стаклена тегла, додека теглата да се исполни. Зовријте вода и оставете да излади, а потоа наполнете ги теглите со вода. Во секоја тегла додадете сок од еден лимон, поклопете и оставете да отстои 24 часа.

Слатко од багрем:

За слаткото се потребни 250 г цвет од багрем (чисти бели цветчиња),1 килограм шеќер и еден лимон. Шеќерот со една чаша вода се вари како сируп, па се додаваат цветчињата и се вари уште малку. Се трга пената и изладениот сируп се складира во мали стаклени теглички.Слаткото освен што е вкусно, исто така се користи и за лекување на белодробни болести.

Похуван багрем

Мирисните цветови на багремот најдобро е да се берат на суво време и по можност наутро. Може да се чуваат и до два дена во фрижидер ако не можете веднаш да ги приготвите. Потребни се цели гроздови од багремови цветови, јајца, брашно и по желба лебни трошки. Гроздовите се валкаат најпрво во брашното, потоа во изматените јајца и презлата. Се похуваат кратко време на средна температура. Ова е одлично предјадење кое може да се сервира со зелена салата, и несолени сирења!

Палачинки од багрем

Се подготвува густо тесто како за стандардни палачинки од јајца, млеко, брашно, прашок за печиво, малку масло и прстофат сол. Тестото треба да е само малку погусто од она за палачинки. Цветовите од багрем, исчистете ги од цврстите петелки и додадете ги во тестото. Добро загрејте го маслото, па зафаќајте со лажицата и пржете ги палачинките додека да бидете задоволни од бојата.Откако ќе бидат готови наросете со свежи цветови од багрем и шеќер во прав кој сте го измешале со ванилин шеќер или екстракт од ванила.


Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!