
VITA RES
from
RESEN
(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)
+38975421259
Нутриционист
Спанаќ
Спанаќот е преполн со хранливи материи, антиоксиданси и антиканцерогени состојки, а изобилува со минерали и витамини.

Спанаќот (Spinacia oleracea) му припаѓа на семејството амаранти и е едногодишно растение кое има изразено зелени нежни листови.
Спанаќот преполн е со хранливи материи, антиоксиданси и антиканцерогени состојки, изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил.
Тој е богат зеленчук со магнезиум и железо, а содржи и калиум, калциум, натриум, фосфор, бакар, цинк, јод и кобалт. Од витамините најмногу има витамин Ц, сите витамини од Б групата, а каротинот го обезбедува и провитаминот А.

Спанаќот е богат со флавоноиди и каротеноиди кои делуваат антивоспалително и антиоксидативно и го штитат организмот од болести поврзани со антиоксидативен стрес. Како инзвонреден извор на железо, спанаќот е една од намирниците која се користи за превенција и помош во лекување на анемии, а редовно внесување на спанаќ ги стабилизира нивоата на шеќер во крвта и спречува нагли промени на концентрациите на шеќерот во крвта.
Спанаќот содржи големи количини на зеаксантин и лутеин, кои се каротеноиди одговорни за боја во некои зеленчуци кои помагаат да се заштитат очите од штетите предизвикани од сончева светлина, а заедно со витаминот А се корисни за луѓе со слаб вид.
Спанаќот содржи и оксална киселина, чии кристали може да ги затнат бубрежните канали, па затоа луѓето кои имаат проблеми со бубрезите треба да го избегнуваат или да консумираат спанаќ во помали количини.
Илија Бузлевски
