VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Со чварки –потопли зимски денови!

Иако делуваат како многу едноставна намирница, чварките ни нијмалку не се тоа. Нивното подготвување бара време, знаење, труд, умешност и се разбира во последно време и позамашна сума пари. За посветените и искусни подготвувачи на овој балкански деликатес, подготовката е и своевидна уметност

Студените денови и првиот мраз, кои годинава дојдоа со задоцнување, не не поврзуваат само со најава за зимата и Новата Година, туку и со нешто поприземно-зимската калориска бомба, за која се врзани многу наши традиционални јадења. Историјата на чварките, џимиринките или пршките, на овие простори почнува многу одамна, кога никој не се занимавал со топење на маста од свињите за да добие чварки. Не, маста била суштинска потреба, а чварките –нуспродукт. Во тоа време кога не постоеле растителни масла, и индустриски произведен зејтин и масло, маста била единствена и незаменлива намирница со која нешто може да се зготви. Ако ова се знае тогаш не треба да изненадува фактот дека токму тие чварки биле извонредни. Зошто? Со притискање биле цедени до последната капка, за да се добие што повеќе маст, не биле препржувани и прегорувани, затоа што во тој случај би била прегорена и маста. И биле крцкави и совршени!

Денес,иако може да се најдат и како индустриски произведени, но и по приватните месарници и тезгите на зелените пазари како домашен приготвен производ, ретко кој љубител на ова јадење е задоволен од понудата. Или се влажни, или немаат доволно месо, или се препржени, или премногу ситни и несолени... Цената е уште една причина за дилема, дали да се отвори кесето. Последниве години сумата која треба да се оддвои за да се купи овој производ е прилично висока. Или попрецизно, за еден килограм готов производ треба да се издвојат од 600 до 700 денари! Ако се спореди со килограм свинско месо ќе се добие сооднос, еден спрема три. Во големите супермаркети се продаваат пакувани чварки чија цена е од 220 до 240 денари за двестотини грама, најчесто увезени од соседна Србија. Ова значи дека еден килограм би бил над 1000 денари што е цената на најквалитетното телешко месо-бифтекот.

Кога сето ова ќе се земе во предвид, најдобро е да се направат во домашни услови. Рецептите се едноставни, а вкусот незаменлив. Според доброте познавачи идеален сооднос на сланината наменета за подготовка на чварки е 50:50, а ваква квалитетна сланина може да се купи по 150 денари за килограм. На нашите простори, покрај тоа што се јадат со лепче, од чварките се прават вкусни деликатеси како погача, се сервираат со качамак, со праз и суви пиперки.....а се служат задолжително со жолта домашна ракија. Добиената маст никако не се фрла туку се собира во тегли и се чува. Нема ништо повкусно од сарма и подварок од кисела зелка подготвени со свинска маст.
Според некои нутриционистички пресметки 100 грама чварки содржат од 560 до 600 калории. Заради тоа што не содржат јаглени хидрати, туку само протеини и масти, во последно време се препорачлив оброк за се помодерните кето-диети. Значи, време е за чварки!

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!