VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Со нови мерки ќе се ублажуваат последиците во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на денешната прес-конференција соопшти дека Владата на Република Северна Македонија ќе ги овозможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одговори на барањата на земјоделците

Во овие тешки времиња во кои се наоѓа нашата земја и светот поради глобалната пандемија, земјоделството и трудот на земјоделците ќе бидат исклучително важни во покренувањето на економијата, по надминување на здравствената криза. Наша обврска како Влада, е да преземаме мерки со коишто ќе ги ублажиме последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.
Изминатиот период како ресорно министерство, преземавме мерки коишто ќе им помогнат на земјоделците и на стопанствениците од агросекторот, во оваа вонредна состојба да имаат рентaбилно земјоделско производство и пласман за производите:

📍Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 и за нераскинување на договорите се продолжува до 12-ти ноември 2020 година.
📍Рокот за склучување на договорите за производство и откуп на тутун од реколтата 2020 се продолжи до 30-ти април.
📍Се ставија во мирување роковите за сите јавни повици за поднесување проекти и реализација на инвестиции од Националните програми и од ИПАРД 2 програмата.
📍Вкупната финансиска поддршка за женско јагне се зголеми на 2.500 денари по грло
📍Отворена платформа „Понуда и побарувачка“,преку којашто земјоделците можат да ги понудат своите производи
📍Земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе можат да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај

При тоа Димковски посочи дека засега нема никаков притисок врз сигурноста на храната, но земјоделците се соочуваат со потешкотии во пласманот на земјоделски производи.
“Токму поради тоа, МЗШВ ја воведе и ја стави во функција платформата “Понуда и Побарувачка“ којашто сите земјоделци може да ја користат. На оваа платформа, земјоделците може да ги понудат своите производи.Ги повикувам земјоделците, да ја користат и платформата „Понуда и побарувачка“, што ја воведе Министерството за земјоделство, а преку којашто можат да ги понудат своите производи. За да го заштитиме домашното производство ги повикувам граѓаните да купуваат домашни производи, со што ќе се поддржи локалното производство.Зелените коридори за побрз транспорт на стока веќе функцонираат и тоа во значителна мера ќе ја олесни трговијата со земјоделски производи. “, изјави Димковски.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen