VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Со авионско засејување врз градоносни облаци, спречена појава на град во повеќе региони

Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, во текот на попладневните часови од завчерашниот ден (20.05.2020 година), имаа прва успешна интервенција за спречување на појава на град со новата метода за авионско засејување на градоносните облаци.

По најавата за очекувани временски непогоди поради дестабилизација на временските услови на територијата на нашата држава и во целиот Балкански регион, Управата за хидрометеоролошки работи подготвено и успешно го неутрализираше опасниот ефект од очекуваното невреме.

Првото дејство врз градоносни облаци со авионско засејување е изведено во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка каде е дејствувано во 15:50 часот, со четири палки (400 грама реагенс среберен јодид), врз потенцијално опасен градоносен облак кој после авионското засејување во понатамошниот тек преминал во појава на дожд.

Второто успешно дејство е изведено во регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. Таму е дејствувано двапати, еднаш во 16:03 часот со шест палки и повторно во 16:23 со уште шест палки. Во овој регион имаше појава на град, а по дејствувањето со авионско засејување врз градоносниот облак, во понатамашниот тек е забележана само појава на пороен дожд.
Од УХМР посочуваат дека, доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери и штетата ќе беше многу поголема.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen