Органско

Сортирање, пакување и обележување на органски зеленчук

Ракувањето, сортирањето, чистењето, миењето и чувањето на свежиот зеленчук треба да се врши во дезинфицирани простории. Сите објекти, опрема и луѓе мора да одговараат на стандардите за органско чување, прописите на добрата хигиенска т.е санитарна пракса

Производите по бербата мораат да се внесат во објектот за сортирање и пакување и да се чуваат на ладно, во сенка и со вентилација. Објектот постајано мора да се одржува во чиста состојба. Светлината во објектите за пакување мора да биде адекватна со што на работниците им се овозможува распознавање на сите недостатоци на плодовите. Производите по бербата мора да се сортираат по степен на зрелост, боја, форма и големина. За квалитетно сортирање и класирање на повеќето зеленчукови производи покрај машините опремени со подвижни ленти и сортирници, рачната работа е се уште присутна. За подобрување на квалитетот на сортирањето, работниците се служат со разни помошни средства како што се водичи за квалитет, таблици, прирачници, паноа и сл. Заболени или повредени растенија треба да се исфрлат, бидејќи нивното присуство го забрзува развојот на габи и бактерии. Ракувањето, сортирањето, чистењето, миењето и чувањето на свежиот зеленчук треба да се врши во дезинфицирани простории. Сите објекти, опрема и луѓе мора да одговараат на стандардите за органско чување, прописите на добрата хигиенска т.е санитарна пракса. Затоа мора да се почитуваат сите норми со примена на сите хигиенски и заштитни мерки.

Во последно време во поразвиените земји се практикува пакување на самата нива со цел да се намалат загубите по бербата и зачува квалитетот за време на чувањето. Пакувањето на нива бара голема извежбаност на работниците и се применува под услов доколку на располагање има помали разладни единци или објекти за чување во близина. Пакувањето на продуктите треба да обезбеди потполна заштита и безбедност. Материјалот за пакување мора да биде нов, чист, квалитетен, рециклирачки и дозволен за органско производство. Помалку осетлив зеленчук како што е лук се пакува во нец вреќи, компир се пакува во големи big- bag вреќи, а коренест зеленчук како што е морков, целер, цвекло и др. се пакува во контејнери (пластчни или дрвени). Осетливите зеленчукови видови морааат да се пакуваат во картонска амбалажа. Картонската амбалажа мора да е постојана на висока влажност (90- 95 %). Преполнетост на контејнерот и амбалажата предивикува зголемени повреди со нагмечување или притисок. Длабочината на слојот на зеленчукот во амбалажата треба да е таква за да се спречат можните повреди со притисок ( во подлабоките слоеви ). Механичките повреди внатре во пакувањето настануваат кога пополнетоста не е оптимална. Тоа може да предизвика поместување на зеленчукот од горните слоеви и зголемување на вибрационите повреди во текот на транспортот. Вибрационите повреди се поголеми во површинските слоеви на пакување, заради поголемиот слободен простор. Сертифициран органски производ се обележува со лого – органски производ. Во обележување на пакувањњето треба да стои:
• Име на растителниот вид
• Име на производителот, број и локација
• Име на продавачот
• Име на самиот зеленчук, име на сорта
• Квалитет-класа
• Единица големина со маса и дијаметар
• Број на единици по пакети или маса на целиот пакет ( а се во склад со важечките прописи за обележување на производот).
Поединечните детали треба да бидат јасно видливи на надворешната страна на секој картон. Дополнителните детали треба да се во согласност со барањата на земјата која ги извезува хранливите продукти и земјата која ги увезува. Боите кои се употребуваат мора да бидат постојани и проверени во согласност со прописите. Содржината на секој пакет мора да биде униформна по изглед, тип, квалитет и големина.

Компатибилност на зеленчукот

Некогаш е потребно различен зеленчук, да се чува и транспортира заедно. Во случај на здружено чување и транспорт, треба да се знае дека може да се комбинира само оној зеленчук кој е компатибилен односно се сложува еден со друг. Тоа подразбира, покрај создавање оптимални надворешни услови за чувањето ( температура, релативна влажност на воздухот) и заштита од мирис, како и заштита од физиолошки активни гасови, како што е етиленот. Кога зеленчукот се чува заедно, настапува взаемна размена на мирис кој главно не е препорачлив. Некогаш зеленчукот мора да се чува или транспортира со овошните видови и другите продукти, па мора да се знае и можноста на ваквите комбинации. Комбинација е можна при чување на геревиз, зелка, моркови, компири или кромид заедно со круши и јаболка, геревиз со кромид или морков. При чување на компири, јаболкате и крушите добиваат необичен вкус. Мирисот на јаболки и цитрони редовно го апсорбираат месото, јајацата и млечните производи. Затоа кромидот, компирот и цитронот треба да се чуваат одвоено, поединечно. Многу видови произведуваат етилен и овој гас може да предизвика непожелни ефекти при заедничко чување. Производите осетливи на содржината на етилен нетреба да се чуваат заедно со оние кои тој гас го произведуваат. Култури кои се осетливи на етилен се: зелка, моркови, зелена салата, боранија, лубеница, краставици. Продукти кои создаваат етилен се: домат и диња од градинарските култури и јаболка, круша, слива, праска, банана и авокадо од овошните култури. Етиленот го збрзува зреењето на многу производи. Ваквото влијание на зреењето се одвива и при 0˚С, иако значајно е побрзо на високи температури. Соодветно на тоа производите како што се краставица и пиперка, за чие што чување е потребна минимална темпертаура од 5-6˚С треба да се чуваат одвоено од производите кои ослободуваат етилен.
Производи со мирис: јаболко, круша, морков, праз, кромид, луковица, млад кромид, компир пиперка (зелена).
Производи кои може да примат мирис: зелка, морков, кромид, смоква, грозје, јаболко, круша, шеќерна пченка, печурки, ананас.

А.Г.

© 2019 Cyber Green Market LLC