VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Снегот добредојден за земјоделството

Повеќе од добредојден за земјоделството е студениот бран што ја зафати земјава по невообичаеното топло време во изминатите денови.

Според агрометеоролозите, посебно поволна е снежната покривка со оглед на претходниот сушен период и недоволната влага во почвата.

Засега, како што вели за МИА агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР, нема предвремено потерување на вегетацијата кај овошките иако температурите беа релативно високи, а тоа значи и дека нема опасност од какво било измрзнување.

-Врнежите дожд и снег што паднаа деновиве можеби како количина не нудат многу, но сепак ќе ја подобрат состојбата. Добро е и тоа што снежната покривка ќе се задржи неколку дена, посебно во пелагонискиот регион. По топењето на снегот земјоделците ќе може да го извршат прввото прихранување на житните култури. Влагата ќе го растопи и ќе овозможи негово искористување, нагласува Ангелески.

Снежната покривка во земјоделските региони достигна осум сантиметри во Крива Паланка, 15 во Берово, 19 во Битола и 27 сантиметри во Прилеп. Во однос на количините дожд, најмалку два литра на метар квадратен наврнале во Гевгелија, седум литри во Струмица, девет во Штип, а во Берово и Крива Паланка 17 литри на метар квадратен. Во Битола, Демир Капија, Скопје и Прилеп врнежите се 26 – 30 литри.

Следната недела повторно се очекува зголемување на температурите, максималните ќе бидат 10 – 15 степени, но и тоа нема да се одрази негативно врз земјоделството, оценува Ангелески.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!