VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Нутриционист

Смоква

Смоквите се користат при запек, бидејќи влакното во овошјето има лаксативни ефекти.

Смоквата Ficus carica е медитеранско дрвенесто растение чиј плодови, смокви, се природно слатки и добри за човековото здравје. Енергетската вредност на 100 грама свежи смокви изнесува 74 kcal / 310 kJ. Од тоа содржи 19,2% јагленохидрати, 0,75% протеини и 0,3% масти.
Иако смоквите се богати со шеќер, тие обезбедуваат важни антиоксиданти, фитохемиски соединенија, особено фенолни киселини и флавоноиди, минерали и растителни влакна. Од минерали, свежата смоква содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган, железо, селен, бакар и цинк, а од витамини содржи: витамини од Б групата, витамин Е, К и малку витамин Ц.


Смокви се богати со растителни влакна, кои можат да помогнат да се регулираат цревата, да придонесат за ситост, да го намалат холестеролот и да го регулираат гладот. Па затоа често се користат при запек, бидејќи влакното во овошјето може да има лаксативни ефекти.

Антиоксидантите играат голема улога и во спречувањето на многу хронични заболувања, вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и болести на очите како што се катаракта и макуларната дегенерација поврзана со возраста и можат да дадат корист во борбата против ракот.

Илија Бузлевски

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

© 2019 Cyber Green Market LLC