VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

Сите придобивки од пепелта

Доколку се греете на дрва, не ја фрлајте пепелта! Овој продукт од согорувањето може да се употреби на многу начини, не само во земјоделството, туку и како прва помош во секојдневието на домаќинствата

Со оглед на тоа дека се создава од согорување на дрвенестите растенија, пепелта ги содржи 13-те основни елементи потребни за раст и развој на растенијата. Одличен извор е на калциум, калиум и микроелементи, кои се повеќе од пожелни во градините. Неговата главна задача е намалувањето на киселоста на почвите. Од дамнина пепелта е позната како обогатувач на земјиштето и потикнувач на растот кај растенијата. Уште старите Римјани ја забележале вредноста на враќање на пепелта во тлото. Во 18-от век пепелта добиена од согорувањето на дрвата служела за добивање на калиум карбонат. Американците во тоа време биле извозници на пепел, затоа што во 1970 година, токму во САД е патентиран првиот индустриски процес со кој се добива ѓубриво од пепелта.
Кога дрвото гори, кислородот и сулфурот се губат, но калциумот, калиумот, магнезиумот и останатите микроелементи, остануваат во пепелта. Карбонатите и оксидите по палењето ја намалуваат киселоста на почвата. Исто така пепелта ја подобрува структурата на глинестите почви. Ова пропратно ѓубриво е одлична дополна на животинските ѓубрива, кои се сиромашни со калиум. Со недостигот на овој елемент зеленчукот е осетлив на суша, мраз, болести и штетници.

Пепелта традиционално се користи за одгледување некои овошки и лиснати зеленчуци. Најмногу корист од употребата на ова ѓубриво има кај житните култури како пченицата, пченката кои даваат поголем принос со користење на мала количина на пепел. Одлични резултати има и при одгледувањето на доматите, морковот, целерот, цвеклото и тиквичките. Во стручната литература се споменува дека употребата на пепел им годи и на тутунот и виновата лоза. Пепелта најчесто се додава директно на површината во количина од 50-150 грама на квадратен метар. Употребата на пепелта мора да биде со намера да се одржи оптималната киселост на почвата и никако не смее да се претерува. Ова особено ако земјиштето се обогатува и со други природни или вештачки ѓубрива.
Најдобро време за ѓубрење е есента. Во текот на ѓубрењето PH вредноста на тлото е намалена, и во овој период пепелта ќе има повеќе време за биохемиска реакција, се додека не почна будењето на вегетацијата. Пепелта може да се расфрли и во рана пролет додека е се уште суво. При употребата на ова ѓубриво треба да се внимава на водотеците, подземните и надземните води, затоа што пепелта и водата никако не одат заедно!

Пепелта покрај збогатувањето на почвата има и други корисни особини. Земјоделците знаат дека ги штити растенијата од разни видови штетници, мравки, глодари и полжави. Запрашувањето на компирот со пепел до цветањето, ја оневозможува појавата на компирова златица. Покрај ова постојат и многу други начини на кои се користи пепелта. Кога ќе се помеша со вода и ќе се остави да одстои неколку дена, ќе се добие смеса одлична за чистење на подови, мермерни површини и сребро. Малку погуста варијанта од оваа смеса ги чисти дамките од облеката и мебелот. Пепелта е идеален одстранувач на непријатните мириси во домот и во ладилниците.
Иако е корисна и практично бесплатна, стручњаците предупредуваат да се користи само онаа пепел на која и се знае изворот. Секако не треба да се претерува, туку да се додава на почвата во строго дозирани количини. Доколку се употребуваат и хербициди во исто време, пепелта може да ги врзе. Ова ѓубриво не се користи кај растенија и билки кои сакаат кисела средина!


Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen