VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Се затвора градскиот пазар во Прилеп

Дезинфекција на јавните површини, установите и станбените згради, на четирите влеза во градот и на автомобилите, како и затворање на Градскиот пазар, еден од најголемите во регионот, се најновите мерки што се спроведуваат во Прилеп по препорака на Кризниот штаб

Во Градскиот пазар се собира стоката на околу 200 пазарџии и се очекува од утре целосно да биде затворен.

Николче Трајкоски, претставник на пазарџиите, вели дека одржале состанок со ЈКП „Пазари“ и дека најважно е здравјето на сите, иако има штети што ги трпат пазарџиите.

– Се собира стоката од прилепскиот пазар. Бевме на состанок со директорот на ЈКП „Пазари“. Во текот на денот да се дособерат производите и од утре дефинитивно да се затвори пазарот. Тоа е тоа. Вонредни се состојбите и поради нашето здравје и здравјето на граѓаните мора да седиме дома. Но, факт е дека ќе има штета. Кај пет-шест поголеми тезги, секоја ќе има штети од 500 до 1000 евра, што значи неколку илјади евра – изјави Трајкоски.

Градот денеска активно вршеше дезинфекција на јавните површини. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски апелира до граѓаните да не се создава паника и да се придржуваат до сите мерки.


– Дезинфицирани се основните и средните училишта, детските градинки. Во Домот за стари лица од денес се дезинфицираат сите површини, влезовите во станбените и другите згради. Не функционира градскиот превоз, а се затвора и Градскиот пазар. Апелирам граѓаните да не се вознемируваат и да ги почитуваат мерките – вели Јованоски.

МИА

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen