Македонија

Се затвораат добиточните пазари низ земјава!

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера донесе решение со кое заради новонастанатата состојба со корона вирусо, се забранува работењето на сточните пазари и собирните центри во земјава

Во решението на Агенцијата за храна и ветеринарство стои дека сите животни кои ќе се најдат во промет без сертификат за здравствена состојба на животните или не се идентификувани ќе бидат одземени убиени и нештетно отстранети без надомест за настанатата штета, односно на трошок на одгледувачот.

Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и решение за забрана на работа на добиточни пазари и собирните центри.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот. Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата, информираат од надлежните институции.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC