VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

Сертификација на собирањето на самоникнатите видови и шумски плодови

Кај собирањето самоникнати видови и шумски плодови не постои преоден период, така што производите кои се предмет на контрола веднаш добиваат органски статус.

Собирањето на самоникнатите видови и шумски плодови по принципите на органското производство подлежат на контрола и сертификација од страна на сертификациските тела.
Главен принцип при овој вид производство претставува одржливиот начин на собирање, за што операторот кој управува со ваков вид активност мора да води строга контрола врз собирачите за кои мора да постои пишан доказ дека истите ги познаваат видовите кои ги собираат и начинот на кој треба да се врши тоа. Оттаму, при контола мора да постои конечен список на обучени собирачи и конечен список на видови кои се предмет на собирање.

Исто така операторот треба да обезбеди мапа со строго определени граници на теренот на кој се врши собирањето.
Во прилог на ова потребно е и да се обезбеди доказ од ЈП Македонски Шуми со кој ќе се потврди дали теренот на кој се собираат производите бил третиран со синтетички инсектициди против штетни инсекти за шумските видови.
Освен контрола на теренот на кој се врши собирањето, потребно е и да се изврши контрола на откупниот пункт или пунктови доколку ги има повеќе со цел да се види дали истите ги имаат исполнето минималните барања за хигиена и дали поседуваат соодветна документација која треба да обезбеди следливост на производите од билкособирач до краен консумент.

За разлика од другите видови органски производства, кај собирањето самоникнати видови не постои преоден период, така што производите кои се предмет на контрола веднаш добиваат органски статус.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!