VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Свети Трипун: Виното како судбина

Единствено виното е вечно. Тоа постои од кога е светот и векот. Го садел дедо Ное, го славеле боговите, го пиеле светците, тоа е вечна инспирација за поетите, предизвик за енолозите... Виното за едни е живот, за други судбина, за некого професија, тоа е наука, мит, традиција, уметност и љубов. Како поинаку да се опише чудесната алхемија на настанокот на напивката која е хранета од земјата, зреена под сонцето, полевана од дождот, отколку како страст, радост, среќа и уживање. Во виното е вистината и лекот, еликсирот на младоста, здравјето и судбината!

За една посебна категорија луѓе во Македонија Новата година доаѓа подоцна од вообичаениот датум. За лозарите годината почнува од Св. Трипун, нивниот заштитник и светец, кога се закројуваат лозјата, а завршува со бербата на грозјето во доцната есен. Тоа е времетраењето на годината за лозарите. Во лозарските краеви така било и ќе остане. Луѓето живеат за лозјата, зборуваат за виното, го сакаат грозјето. Традицијата на одгледување е приказна што не се заборава. Се раскажува од колено на колено. Уште 3.500 години пред нашата ера Старите Египќани правеле вино. Прастарите легенди, пак, раскажуваат дека Сатурн лозовите гранчиња ги донел на Крит, а поклониците на Бахус тврдат дека тој лично прв ги засадил во Индија. Во времето на Византиската империја и доминацијата на Словените виното (во христијанските обичаји) е симбол за Христовата крв. Сведоштвата во нашите краишта постојат пресликани во амфорите, монетите и мозаиците пронајдени во Стоби. Историските корени за одгледување лозје кај нас датираат уште од времето на Римјаните, па продолжуваат за време на Отоманската империја, се до некогашната прва државна визба на ова поднебје во Тиквешијата - подрумот на кралот Александар Караѓоргевиќ изграден во 1932 во Демир Капија.

Не случајно во Повардарието се сместени најголемите винарски визби во Македонија, но последната деценија и мноштво мали – семејни. Во овие краишта речиси нема човек кој нема лозје и кому не му е позната умешноста на правење вино. Покрај големите винарски визби кои преработуваат и по триесетина видови бело, розе и црвено вино, постојат и мноштво мали приватни винарии кои ја продолжуваат традицијата на создавање на овој скапоцен еликсир.
Статистиката кажува дека во моментов во земјава има над 28 илјади хектари под лозови насади од винско грозје, од кои 11 илјади се од нашата традиционална сорта вранец. Податоците понатаму зборуваат дека вкупното производство на вино се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои 80 милиони завршуваат на трпезите надвор од земјава. Особено радува податокот дека од година во година виното во шише постепено го добива приматот во однос на наливното вино, во рамки на вкупниот извоз. Затоа не е случајно што македонските вина на интернационалните саеми се повеќе се закитуваат со трофеи и медали.

Без оглед дали се големи или мали, наменети за пазарите или само за домашна употреба, сите производители се сложуваат во едно: виното не е обичен пијалак! Секој го доживува на свој начин, со поинаква реалност и чувства. Македонските винари во деновите што следат ќе ја повторат традицијата, ќе го потврдат наследството од своите дедовци и ќе продолжат понатаму да ја испишуваат македонската винска историја и иднина.
На сите лозари редакцијата на ezp.com.mk им посакува среќна, плодна и бериќетна, лозарска година!

Благородна Абрашева Ноциќ

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen