VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

Салеп - вкусен напиток со неверојатни здравствени придобивки

Салепот е напиток што најчесто се пие во текот на студените зимски денови. Тоа е растение од родот на орхидеи (Orhis sp), од кое се користи коренот. Здравите и развиени корени се откопуваат кога растението цвета. Потоа, собраните коренчиња се мијат и се сушат по што се мелат и се добива салеп во прав.

Растението салеп, кое успева во планинските и падинските подрачја, на 1.000 до 1.500 метри надморска височина, и претставува еден вид ендемски примерок на кртола (задебелен корен во кој се складираат хранливи материи) на анадолска орхидеја, го собираат добри познавачи на растенијата. Салепот е во форма на клас со темносина или црвена боја. Една кртола се остава за хранење на растението, додека останатите кртоли се варат во вода или млеко, и по сушењето се продаваат како салеп.

Салепот е повеќегодишно украсно, медоносно, тревесто растение што формира кртоли. Кртолите се со јајцевидно-овална, сферична или вретеновидна форма. Стеблата се прави, цилиндрични, без разграноци, високи до 40 см, со соцветија на врвот. Листовите се издожени, горната површина им е мазна, често со дамки, во основата стеснети. Цветовите се црвеникави, пурпурни или виолетови собрани во густи класовидни или гроздовидни соцветија. Венчињата се двоусно составени од шест ливчиња, долното со шпора. Плодовите се распукнуваат и се се многу ситно семе. Цветаат и раѓаат плод во мај-јуни. Се размножуваат со семе и вегетативно. Распространето е во Европа, Кавказ, среден Исток. Во медицината се користи подземниот дел, односно кртолата (salep tuber).
Берењето и откопувањето е во текот на цветањето. Берењето мора да биде на чисти места и пожелно е рационално да се откопува. Кртолите се мијат со ладна вода и пожелно е веднаш да се стават најмалку 5 минути во врела вода. Оваа постапка е многу битна за да се активираат ензимите за да се спречи разградување на лековитите материи, се губи непријатниот мирис и вкус и изгледот на пресекот е кристален. Сушењето на салепот е на сонце, на промаја и на сушара на температура до 60⁰С. Салепот е без мирис, има слузест вкус и се чува во хартиена амбалажа. Во фармацијата се користи смелен во форма на фин прашок. Најголемо производтво на салеп имаат Турција, Иран и Грција.

Берењето се врши во текот на цветањето за да не дојде до замена на ризом на билката мразовец која е многу отровна, на тоа мора многу да се внимава.
Хемиски состав: Салепот лабараториски е добро испитан. Содржи 50% слуз, кој претставува смеса од полисахариди, 30% скроб, 10% сахароза, до 5% белковини и 5% вода. Исто така содржи минерални материи, гликозиди, етерно масло.
Салепот поради својот хемиски состав претставува експекторанс или добар лек за искашлување и исто така е добар антитусик, лек против сува кашлица, делува против воспалително и е фантастичен лек за пролив кај мали деца бидејќи има кулоидна структура.
Салепот се пие нагладно, се припрема како чај. Една кафена лажица испулверзиран прашок се става во чаша вода и врие 15 минути со постојано мешање се додека не се згусни. Се зема 4 пати по една чаша со мед и цимет за лекување на градни болести и стомачни заболувања. Може да се припрема со млеко со тоа што половина се става млеко, а половина вода. Секоја домашна аптека треба да има салеп кој може да се користи како лек, но и како храна. Во франција се прави чоколадо со салеп и го користат оние кои не можат да пијат.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen