Нутриционист

Рибизла

Рибизлата има антимикробно, диуретично, лаксативно дејство.

Рибизла
Рибизлата е бобинкасто овошје чиј плод има минијатурна големина, Плодовите можат да бидат црвени, бели или црни, зависно од врстата.
Бобинките имаат киселкасто сладок освежителен вкус, исклучително се сочни и тие се најлековитиот дел од билката. Имаат многу специфичен мирис, а во фармацевтската индустрија се користат и плодот и листот на рибизлата.
Рибизлите содржат и доста шеќери, белковини, минерални супстанции и танини, а се наоѓа и толку многу витамини, особено витамин Ц. Исто така рибизлите содржат и органски киселини и пектини.


Плодот на црната рибила (Ribes nigrum) со оглед на високата количината на витамин Ц, спречува и оздравува од тешки инфекции, а пред се од воспаление на белите дробови. Плодовите и сокот се многу корисни кај бубрежните болести и грчевитите болки на органите на дигестија, а се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Исто така се користи за зголемување на апетитот и јакнење на организмот, а сокот од рибизлата има антимикробно дејство, потоа диуретично, лаксативно дејство, а се употребува и за зајакнување на видот и капиларите.

Црвената рибизла (Ribes rubrum) е богата со витамин Ц, витамин Б комплекс, како и витамини А и К. Од минерали содржи калиум, железо, калциум, фосфор и магнезиум. Црвената рибизла се препорачува за здравјето на срцето и урамнотежување на крвниот притисок. Бобинките се добар диуретик, отстранува урична киселина и го олеснува гихтот и реумата. Бобинките на црвена рибизла го засилуваат апетитот, делуваат на зголемено излачување на жлездата за плунка, а поради многуте семки кои не се разградуваат ја регулираат работата на цревата.

Илија Бузлевски

© 2019 Cyber Green Market LLC