Македонија

Рекордна инвестиција преку ИПАРД 2 во Струга

Фабриката „Подгорка“ доби највисока финансиска поддршка од Мерката 3 - Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи, во износ од 2,2 милиони евра

Новата инвестиција, која ќе се занимава со за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди, вчера во присуство на највисоки преставници од Владата, беше отворена во Струга. Фабриката доби највисока финансиска поддршка од Мерката 3 - Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, во износ од 2,2 милиони евра.

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека „Подгорка“ во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.

Директорот на платежната агенција Николче Бабовски информираше дека преку ИПАРД 2 програмата, досега се склучени 1.355 договори по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра. До овој момент, Република Северна Македонија, искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од ИПАРД 2. Ова значи дека 814 договори се веќе авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани инвестиции.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC