VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Organic

Растително органско производство - Лозарство

При организирање растително органско производство, производителите мора да обранат внимание на тоа каква е локацијата која ја поседуваат и кои култури, односно сорти се одгледуваат.

Тиквешкиот регион како главен регион во Македонија каде се одгледува виновата лоза уште од многу одамна поседува карактеристична клима за лозарско производство. Локациите во близина на реката Вардар, Црна река и другите помали реки не се погодни за организирање органско лозарство од причина што тоа се локации каде влажноста на воздухот е повисока и условува создавање поволни услови за развој на болестите. Исто така на тие локации и ноќните температури се повисоки што е услов за непречен развој на гроздовиот молец како главен причинител на механички оштетувања на плодовите и подлога за развој на гниењето на гроздовите, па и конвеционалното лозарско производство на овие локации е отежнато.

Од оваа причина, препорачливи се локации кои се на повисока надморска висина, каде влажноста е пониска, постојано дува слаб ветар кој дополнително ја намалува влажноста во воздухот, а со тоа и ги анулира условите за појава на габични заболувања како пламеницата и пепелницата. Релативно посвежите ноќи ги прават овие места непријатни за развој на гроздовиот молец со што е можно производство на грозје без употреба на инсектициди.
Како што постојат препорачливи локации исто така постојат и препорачливи сорти винско и трпезно грозје кои се поотпорни на болести и штетници така што кај одгледувањето на истите потребни се помал број агротехнички операции и инвестирања за разлика од некои сорти кои се нетолерантни кон болестите и штетниците и бараат многупоголема грижа за нивно одгледување.

Во органското производство се препорачува одгледување на автохтони, локални или специфични за регионот сорти како на пр. Станушина, Вранец, Смедеревка кои многу полесно и попрофитабилно може да се произведуваат за разлика од сортите како Шардоне кои се многу осетливи на болести и штетници.
Заштитата на виновата лоза во органското производство се базира на употреба на заштитни сретства кои како активни материи користат бакар, сулфур, билни екстракти. Постои лимит во однос на употребата на количеството бакар и истиот не треба да надмине 5 кг/ха, но во наши услови праксата покажа дека со помалку од 3 кг/ха се постигнува комплетна заштита.
Во поново време успешни се покажаа пробиотските препарати кои во себе содржат еден или микс од повеќе видови корисни микроорганизми кои имаат за цел да се конкурираат со патогените микроорганизми или се хранат со нив. Дел од овие препарати имаа за цел да го стимулираат растението во неговиот раст, да обезбедат поквалитетен и покрупнен плод и да го поттикнат природниот имунитет на растенијата.
Во борбата против инсектите во органското производство се препорачува во прва рака користење на препарати кои имаат репелентно дејство, односно со специфичниот мирис ги одбиваат штетните инсекти да дојдат во контакт со растенијата. Еден од најчесто користените природни препарати кои се користат во растителното производство е растворот од коприва кој поседува репелентни својства (одбивачки), а делува и како сретство за прихрана и делува стимулативно на растот на растенијата.

Во функција на заштита од штетни инсекти се користат лепливи феромонски мамци кои делуваат на тој начин што во себе содржат феромони кои ги привлекуваат машките единки кои потоа се лепат за активниот дел од мамците. На тој начин се јавува недостаток
на машки единки, така што женските единки остануваат неспарени и истите не се во можност да продуцираат наредна генерација ларви кои би предизвикувале штета.
Збунувачите на инсекти како производи имаат за цел да испуштаат поинтензивен мирис на феромони од женка со што практично машките единки не се во можност да ги пронајдат женките за да се спарат. Ефектот е ист како што е објаснето погоре.
Еден од најчестите проблеми со кој се соочуваат производителите на органско грозје во Тиквешијата е контаминацијата од соседни конвенционални парцели. Постојат локации кои поради интензивниот начин на третмани против болести во самата микролокација, органското производство е скоро невозможно. Такви се локациите во пониските места кои ги споменавме погоре, кадешто се вршат 6 до 9 третмани за заштита за разлика од повисоките места каде пракса на производителите е да прскаат 2 до 3 пати годишно.
Ѓубрењето на лозовите насади треба да се врши со органски ѓубрива добиени од локални сточарски фарми кои животните ги одгледуваат на слободен пашитен начин. Овој вид на ѓубрење производителите го избегнуваат поради тоа што ретко кој сточар знае равилно да го складира и ферментира ѓубрето на начин при кој се постигнува висока температура на ферментација со што се уништува семето на плевелните растенија. При неправилна ферментација на ѓубрето истот е носител на семе од плевелни растенија кои при ѓубрењето предизвикуваат големи проблеми при производството. На пазарот се достапни и преработени органски ѓубрива кои се во пелетирана форма и не предизвикуваат заплевување на површините. Постојат и течни органски ѓубрива кои во себе содржат микро и макро елементи, амино киселини, биостимулатори и др. кои во мали количини се додаваат фолијарно, најчесто при редовните третмани за заштита.
Спалувањето на растителните остатоци од лозарството односно палењето на отстранетите зрели ластари (прачки) на пролет по резидбата е строго забрането од повеќе причини:
- Без потреба се загрева атмосферата
- Се троши кислород
- Се создава јагленороден диоксид
- Се губи биомаса која која може да се искористи како органско ѓубре со мулчирање или да се искористи како суровина при производство на пелети за греење.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!