VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Пчеларникот во месец март

Март е вториот месец од периодот на развој на пчелината заедница и во него пчеларот треба да изврши низа значајни интервенции и активности на пчеларникот.

Месец март е првиот пролетен месец. До крајот на месецот се врши главниот пролетен преглед. Неопходно е да се направи при температура на воздухот над 14°С. При прегледот се одредува состојбата на пчелното семејство, количеството на легло и храната, квалитетот на матицата и општата состојба на семејството. Тукушто снесените јајца се доказ за постоењето на матица во пчелното семејство и отворено легло.
Неопходно е да се додаде од резервите со мед или густ шеќерен сируп, ако при прегледот се открие дека семејство има помалку од 5-6 кг мед. Пчелното семејство се стеснува на толку рамки, со кои би се покриле со пчелите. Пчелното семејство се подредува така што да се обезбеди подобар развој на истото. Од страната која е изложена на сончева светлина се поставуваат 1-2 рамки мед и полен, до нив рамките со легло, потоа 1-2 погачи со мед и полен и преградна штичка, зад која може да се постави материјал за затоплување.
Неопходно е да се регулира влезот на пчелното семејство според неговата сила и да се изврши третирање против вароа.

Првиот пролетен преглед на пчелината заедница најчесто подразбира летимичен брз преглед со кој треба да се утврди:
дали пчелината заедница има матица;
дали има храна (мед и полен);
каква е состојба во заедницата.
Овој краток првичен преглед по потреба може да се направи и во втората половина на февруари, но сепак не се препорачува отворање на сандаците на температури пониски од 14C. Прибележувањето на податоците од летимичниот преглед ќе ни послужат при спроведувањето на Деталниот преглед на пчелините заедница.

Деталниот преглед има за задача да ги докомплетира податоците утврдени со летимичниот преглед и тоа:
Да ја утврди состојбата на матицата и леглото. Како се движи и дали брзо и силно или полека и изнемоштено, дали залежува концентрични кругови и интензивно или пак леглото е шарено и распрскано.
Каква е состојбата на резервната храна дали медот е квалитетен не кристализиран или скиснат, колку килограми мед има во кошницата, колку има полен и каков е квалитетот, дали е мувлосан или не, дали храната е достапна на пчелите итн;
Јачината на пчелината заедница, бројот на запоседнати улици (рамови);
Вредноста на саќето какво е саќето (правилност на градба, кое саќе да се замени и колку сатни основи ќе треба да се додадат во кошницата;
Здравствената состојба на пчелите и леглото, болести на пчелите, ноземоза вароза, болести на леглото куга кречно легло итн.

Податоците од овој детален преглед се драгоцени за понатамошното делување на пчеларот. Најпрвo се расчистуваат кошниците во кои пчелините заедници се угинати. Се утврдува причината поради која пчелината заедница не презимила. Доколку се најдени празни рамки во кои пчелите се угината во празните келии а мед вопшто нема тогаш е јасно дека пчелината заедница е угината поради немање храна. Но доколку на рамките има измет од пчелите, а мед во кошницата има тогаш заедницата угинала од ноземоза пчелите треба да се спалат, а кошниците да се дезинфецират со лет лапа или оцетна киселина(есенција).

Вентилацијата и затоплувањето е актуелно и во овој месец. Посебно внимание треба да се посвети на затоплувањето кое треба да оневозможи при големо губење на топлината од кошницата. Материјалот за затоплување треба да биде сув и доволно топол за да ја одржува температурата. Кошниците треба да бидат во завет и свртени со летата кон југ, а можат да се обвијат со стиропор или некои други мареијали за затоплување.
Потребата за вода кај пчелината заедница расте со зголемување на леглото, но и со додавање на погачите за прихрана. Пчелите оваа потреба мораат да ја задоволат без оглед дали е топло или студено, па доколку одат на далечни поила тие масовно се оладуваат и угинуваат.
Имајки го ова во предвид на пчеларникот благовремено треба да се постави поило. Пожелно е кантите или бурињата да се со темна боја како водата во нив во сончевите денови би се загревала бидејки пчелите бараат млака вода во овој период. Не треба да се заборави дека поилото треба да биде во завет и на сончево место на самиот пчеларник.

На крај треба да истакнеме дека март е месец во кој многу треба да се работи на пчеларникот, а за исправка на грешките во овој месец ќе биде потребно да ја чекате идната пчеларска сезона.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen