Македонија

Продолжуваат едукативните кампањи за ИПАРД

Во текот на овој месец Секторот за управување со ИПАРД фондовите, при Министерството за земоделство шумарство и водостопанство продолжува со информирање и едукација на сите заинтересирани земјоделци за постапките и условите за добивање на финансиски средства

На инфо деновите ќе биде претставена Мерката 3, што се однесува на „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи“ од ИПАРД програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи. Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од оваа програма, соопштуваат од Министерствотон за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Утре, 10 јануари, кампањата за едукација за ИПАРД фондовите ќе се одржи во Струмица и ќе започне од 11:00 часот. Инфо караванот продолжува на 15 јануари во Прилеп со почеток во 11 часот, а на 16 јануари е резервиран за жителите на Тетово со почеток во 10:00 часот и Кичево со почеток во 14:00 часот. Инфо деновите во главниот град ќе се одржат во општините Карпош во 10:00 часот и Аеродром во 14:00 часот на ден 17 јануари. Во Битола караванот ќе пристигне на 23 јануари во 11 часот, во Градско на 24 јануари во 11 часот, додека во Кочани на 28 јануари во 11:00 часот. Инфо деновите за Мерка 3 ќе завршат во Богданци на 29 јануари во 11:часот.

Корисници на мерката можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и задруги кои што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица кои што произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Б.А.Н.

© 2019 Cyber Green Market LLC