VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Продолжен рокот за аплицирање !

До 3 декември ќе трае можноста за аплицирање за мерката 7, која се однесува на „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ финансирана од ИПАРД 2 програмата.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по барање на заинтересираните субјекти го продолжи рокот за аплицирање за мерката 7-„Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Наместо до 18-ти ноември за мерката финасирана од ИПАРД 2 програмата, сите заинтересирани ќе може да аплицираат до 3-ти декември, оваа година. Ова е дополнителна можност за прибирање и комплетирање на документацијата потребна за аплицирање за добивање средства од ИПАРД 2 програмата. Сите информации и насоки за апликантите може да се најдат на сајтот ipard.gov.mk или на телефоните на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој (02309740).

За оваа мерка „Диверзификација и развој на мали бизниси преку ИПАРД 2 програмата, на располагање се 16,6 милиони евра. Со ова ќе се овозможи реализација на инвестиции во модернизација на постоечките капацитети, но и отворање на нови погони кои се однесуваат на производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвна маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети, како и отворање на ресторани и секаков вид угостителски услуги. Од прифатливите трошоци за планираната инвестиција на корисниците на мерката 7, ќе им бидат ввратени 65 отсто од планираните трошоци.

Од Агенцијата истакнуваат дека со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини, односно ќе се зголеми нивото на економска активност. Со мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се развива најмоќниот дел од економијата а тоа се малите и микро-претпријатијата кои се силата на домашната економија.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen