VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Прихрана на растенијата

Земјата е извор на храна, а нејзиниот квалитет зависи од механичкиот, биолошкиот и од хемискиот состав

Најголемиот дел од растенијата бараат растресито земјиште. Тоа задржува големо количество влага и воздух, што е исклучително полезно за микроорганизмите, кои се најголеми разнесувачи на хранливите материи во растенијата.
Квалитетот на растреситата земја се добива со длабинска и површинска обработка на почвата, а хранливоста се подобрува со ѓубрење.

Во периодот на раст и развој на стеблото и на листовите, растенијата имаат потреба од поголемо количество азот. Кога цветаат и раѓаат, бараат повеќе фосфор и калиум.

Азотот им се додава на растенијата кога тие интензивно растат и се развиваат, најчесто напролет. Ако недостига овој елемент, растенијата доцнат со растот и развојот. Цветовите, плодовите и листовите, се ситни и ли закржлавени. Исто така надземните делови на билките побавно се развиваат во однос на подземните.

Фосфорот и се додава на почвата во текот на формирањето на цветовите и плодовите. Неговиот недостиг доведува до општа слабост и застој во растот на сите делови на растението. Листовите најчесто пожолтуваат по рабовите, а по кусо време и паѓаат. Калиумот и се додава на почвата заедно со фосфорот. Овој елемент учествува во формирањето на цветовите и семето, а се смета дека ја зголемува и отпорноста на растенијата на растенијата од измрзнување.

Цвеќињата се особено чувствителни на киселоста на почвата. Хортензијата е вистински скенер на хемиските реакции што се одвиваат во земјата. Доколку е посадена на кисела почва, нејзините цветови се со сина боја, а на слабо кисели розови. На неутрално и базно земјиште, хортензијата има интензивно розови цветови. Киселоста на земјиштето може да се неутрализира со додавење вар.

А. Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!