VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Притвор од 30 дена за осомничени од Ресен за измама со јаболка

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица, жители на Ресен, поради сомнение дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Измама со јаболка.

По проверка на наводите од поднесените кривични пријави, јавниот обвинител кој утврдил дека во периодот од крајот на јануари 2020 година до крајот на февруари 2020 година, во Битола и Ресен, четворицата осомничени – прокурист, управител и двајца надворешни соработници во правно лице од Ресен, претходно се договориле и со поделба на работите, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористиле исти прилики, па ги довеле во заблуда и оштетиле три правни лица од Руската Федерација, Република Унгарија и од Босна и Херцеговина.

Осомничените преку Фејсбук профил објавиле дека продаваат јаболка по што стапиле во контакт со секој од оштетените.

На претставник на оштетеното правно лице од Унгарија му прикажале дека можат да му продадат јаболка во поголема вредност од 7.095,00 евра кој оштетеното правно лице требало да ги уплати на сметка на правното лице од Ресен. Осомничените доставиле профактура и кажале дека јаболката со камион ќе тргнат следниот ден за Унгарија, со што на 04.02.2020 година го навеле правното лице од Унгарија, на штета на својот имот, да им го исплати наведениот износ во поголема вредност од 433.944,00 денари.

Истата постапка ја повториле и со сосопственик на оштетеното правно лице од БИХ. Оштетениот бил наведен да ангажира и транспортна фирма за превоз на јаболката. Со овие дејствија осомничените го навеле оштетениот на штета на своето правно лице да исплати износ во поголема вредност од 219.555,00 денари.

На претставникот на оштетеното правно лице од Руската Федерација, осомничените му прикажале дека можат да му продадат вкупно 10 контејнери со различни сорти јаболка, во кои цени бил вклучен превоз до Солун, Грција, и дека правното лице треба да уплати 50% од вкупната вредност на нивната сметка. Откако оштетениот пристигнал во Македонија, двајца од обвинетите го однеле во с. Бистрица и во Ресен каде му покажале јаболка, потоа се договарале за изгледот на етикетите, за амбалажата, и на 19.02.2020 година преку електронска пошта му доставиле профактура од правното лице од Ресен на наведениот износ, со што го навеле оштетениот на штета на имотот на правното лице да им го исплати износот во значителна вредност од 2.674.848,00 денари.

Обвинетите по пристигнување на парите од оштетените правни лица ги префрлале на своите трансакциски сметки и подигнале износ од 100.000,00 денари како материјални трошоци, иако за таквите трансакции немало никаков правен основ. Со тоа ја испразниле сметката на правното лице, а на оштетените правни лица не ги испорачале јаболката, ниту ги вратиле парите.
извор: tera.mk

Јавниот обвинител со донесување на наредбата за спроведување истражна постапка до Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување притвор за осомничените. Предлогот беше прифатен и судот со решение на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

А.Г.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen