VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

Македонија

Прирачникот за операторите со храна во градинките нова алатка за безбедна храна за децата

Прирачникот претставува извор на информации и упатства кои се однесуваат на хигиената на објектот и персоналот, контролата на операциите, обуките, чистењето и одржувањето на просториите за храна, нејзиниот трансорт, како и за управувањето со записите. Прирачникот содржи и сликовити примери кои се однесуваат на безбедноста на храната.

Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година изработи Прирачник за оператори со храна во предучилишни установи. Во прирачникот, детално се разработени принципите и нормите на добра хигиенска и производна практика кои им помагаат на операторите со храна соодветно да ги подготват објектите, персоналот и процесот на работа за подготовка на квалитетна и здравствено безбедна храна за децата од предучилишните установи.

Прирачникот претставува извор на информации и упатства кои се однесуваат на хигиената на објектот и персоналот, контролата на операциите, обуките, чистењето и одржувањето на просториите за храна, нејзиниот трансорт, како и за управувањето со записите. Прирачникот содржи и сликовити примери кои се однесуваат на безбедноста на храната.

Унапредувањето и подобрувањето на начинот на исхрана во предучилишните установи и развојот на здрави навики за исхрана кај децата се многу значајни прашања, оттаму, во вториот дел од прирачникот содржани се насоките за исхрана на децата за време на престојот во градинките. Прирачникот содржи и практични совети за планирање на организираната исхрана и планирањето на оброците за децата.

Насоките за правилна исхрана ја истакнуваат и важноста на холистичкиот приод при подготвувањето на организираната исхрана. Таа покрај тоа што има за цел да ги исполни егзистенцијалните енергетски и нутритивни потреби, поседува и воспитно - образовна цел, од аспект на креирање на хигиенски, правилни нутритивни и социјални навики за добро однесување. Организираната исхрана во градинките овозможува подобрување на социјализацијата на децата, ги унапредува меѓучовечките односи и го намалува развојот на нарушувања кои се поврзани со исхраната.

Прирачникот за оператори со храна во предучилишните установи содржи и голем број табели, во кои се објаснети дневните енергетски потреби на децата, препорачаниот дневен внес на хранливи материи, витамини и минерали според возрасни групи на децата, како и препорачаната застапеност на одредени категории храна во планирањето на дневното и неделното мени за децата во градинките.

Б.А.Н.

VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

About Us

Cyber Green Market (CGM) is a Web Platform that promotes the Export and Wholesale of Agricultural Products, Forest fruits, and their Secondary Products from the Balkan Peninsula.

Retail

In the retail section you can also find machines, home and garden tools, work uniforms and everything you need for your farm work. You can order all this from our already verified sellers from the largest online stores in the world.

© 2018 Elektronski Zelen Pazar LLC Resen

CGM Ali

Do you want to sell your products on Alibaba, but you don't want to pay $4,999 per year for an Alibaba premium account? Apply for a "CGM Ali" account here, choose one of our plans, and for just $199 per year start selling on Alibaba right now!